Различни се препораките кај и во странство. Реално не гледам зошто да се потпираме за се и сешто на препораките од странство. Доколку дете не е алергично на мед и прополис тогаш може да се дава слободно. И матичен млеч даваат кај нас али со чепкалка за заби и тоа на врв, по толку малце што истата концетрација ја има и во ампулата. Кога се дава Маџун,лој од гуска и други работи зошто да е проблем ова?
Секој со својата логика. Сепак се препораки на производителот. Како што внимавам и на другите лекарства да се придржувам до препораките на производителот, така правам и за витаминиве.
Без разлика истиот состав со препораките на Алкалоид да ги произведува различно би гласеле тука и во странство. Како и за сите други лекарства што се.
Некој да има сретнато поефтина варијанта на Д3+ омега освен Babytol? Ги земав и Vitup и Dr.Leo, меѓутоа неможсм да ги најдам подолг период
Не знам колкаво е детето но молерсот ти е најисплатлив за 3 месеци е и плус посебно д3 капки да си земеш на нау или др фирма. Бејбитолот е прескап искрено и многу е исфорсиран па и другите твист оф.
До пред еден месец му давав на синко омега со д 3 на бејбитол, сега ни ги смени докторката д 3 на пливит. Но сега сум во мисла за омега не спомна ништо.. Иначе синко е година и 5 месеци. Му давате дополнително омега? Дали да земам нешто на своја рака или да се консултирам повторно со докторката?
Јас давам омега од бекутан, сируп е,1+1 беше 600 ден на акција, го ставам врз кашата за доручек и со се кашата полека го јаде.Еден скоро го испи сега има уште еден, кога ке го потрошам ке му купам пак молерс да пробам.Предходно пред година дадов молерс и повраќаше од него, па педијатарот ме искара дека било рано, пред година дека не се давал бидејки е баш од риба, а капсулките се од некои алги и биле полесни за бебињата, па тогаш се вратив на бебитол до 1год.
Се дава омега константно, а д3 само летно време ги прекинуваат и тоа строго кога дете е скроз на кратки ракави горе и доле.
Мислам wellbaby е подобар избор и има добар состав. Му ги давам капките сеуште бар додека направи годинка (уште 2-3 месеци), па следно ќе го префрлам на сирупот.
До кога се дава д3? Срам ми е да кажам ама ретко и давам. Кога и да и давам обично се гади ги плука и борба водиме. Кога беше помала не разбираше и ги пиеше сега веќе разбира. И што може да и биде ако не давам редовно д3. Се осеќам како немајка, кога читам овде редовно колку витамини давате. И за 15 месеци колку единици треба?
Мојата е 2 год и 2 месеци.Не давам3, ни омега .Никакви витамини не давам сем витамин ц капки и пробиотик (чат пат).Здраво дете е со само еден испиен антибиотик во овие 2 години(за воспалено уво).Ако ти значи нешто тоа
Јас никакви витамини не давам. 15 месеци сме. До сега немаше пиено антибиотик. Сега прв пат пиеше, ама тргна во градинка во септември. Па поради тоа. Ама не знам ,осеќам грижс на совест што го заборавав д3. Кога беше бебе давав на почетокот сега одамна не, ќе речам од утре ќе давам редовно. И ден два кога ќе видам борба водиме да ги голтне, и ќе оставам така.
Браво. Да не ти ја подречам. Знам дека имаш и поголеми деца, па да те прашам. Не и носат од школо вируси, бактерии и слично?
Првата година носеа.Ама поминуваше без лекови(само парацентамол,спреј во носе).Втората година послабо и они беа болни.Големи се па веќе по отпорни.Големата е 15 години ,втората 9.Не се разболуваат така често. @Erika.greeneyes ако ти е за грижа на совест навивај аларм
Д3 се дава и се пие цел живот како кај деца така и кај возрасни. Д3 го дозираат ортопеди и ќе се консултираш со него како ви кажале така обично 800 единици се даваат но се е индивидуално. Кога се над 2 години се даваат само додека не бидат скроз на кратки, а кај нас тоа му доаѓа негдека до кај мај/јуни зошто се е пореметено. Мојот е 3години и има 18кг и прима по 1600 единици ама ова ни го има кажано ортопед. Не смее ни големи количини да се даваат зошто д3 можат премногу да ги оптеретат бубрезите безпотребно, затоа и ти нагласувам дека требА доктор да одреди колку.