А матичен млеч Junior го давам од една годинка кога наполни.За деца од 1 до 5 години по 5 мл на ден, пред појадок.
https://www.zegin.com.mk/mk/marnys-protekt-junior-20-shishenca еве ти,прочитај си сама ,лани бевме цел месец во болница од тогаш го немам прекинато.
Различен состав е, може да ги даваш заедно, виранто давам на почеток на настинка или вирус и обично е ефикасен, ама продолжувам и со другите витамини кои си ги давам,претпоставувам дека сте на почеток на некоја настинка или вирус затоа сакаш да го дадеш виранто плус.Матичен лекар ми рече виранто да давам 5 дена, до 7 дена максимум.
Може ли да го сликнеш кутивчето кој е производител на овие омега 3 јуниор од др. витон? Какви се апченцата, како перли ли се, ако можеш сликни го и апчето, каков вкус имаат?
Тие се како гумени во уста, за жал не го чувам кутивчето. Но од тогаш докторката ги смена и ми препорача нешто подобро, шо е идеално за деца има и плус некои други витамини.
Др Витон е толку неиспитан бренд, едвај еден вебсајт имаат со многу микс податоци. Пред две години кога пребарував пишуваше дека се произведуваат во Јапонија, сега најдов дека е во Шпанија.
Ова постојано го зборам по темите за козметика (дека и такви работи имаат нели) Значи фирмава практично не постои, никакво инфо на нет никакви рецензии неможат да се најдат. Незнам за витамините ама на козметиката немаат на пакувањата ниту состав. Значи на ваков голем пазар, избор на се и свашта и достави од европски земји, прерипнете го брендов
Да дополнам, истото важи и за Pharmavital на Зегин, инкогнито фирма, многу веројатно отворена од наши, цела нивна фб страна е само со постови од Зегин, а ги пуштиле и на Амазон за продажба.
Луѓе, што да се дава кај децава за покачување на апетит? Малово од скоро 17кг за 2 месеци на 15 слезе. Има 5 год. Ај што нема застој да заседне ама па и не јаде. Слабо е кожа и коски. Некој да го види ќе рече загреота нема што да јаде. А е извишено. Во моментов има 106см што да давам за покачување на апетит? В комплекс не ми помага. Нешто друго?
И јас сакам да знам мајка што да давам,ама нешто што ќе има навистина ефект. Мојата е 3.6 години исто и она,се молиме за јадење,се е со лажење,се е во игра,па не сакаааам,немам нерви веќе. Период ли е , до кога ли е кој знае. Абе кога видам дечиња си ручкаат,да ти е мерак,јас кога и давам на мојата стресови имам само. А не приседнува,активна е цел ден.Се тешам со тоа што е здрава и крвна слика добра,ама сепак сакам да си ручка.
https://kiberg.mk/product/џели-кидс-апетит/ На база на матичен млеч и витамини. Наутро по една кафена лаж. на гладно
Дали може proven toddlers да се дава со marnys protect junior? Моментално давам proven, во него има витамини а исто така и во ампулите има, па не знам да не е премногу да почнам со protekt junior? https://www.zegin.com.mk/mk/proven-todlers-z-multivitamini-za-mali-deca-60-g https://www.zegin.com.mk/mk/marnys-protekt-junior-20-shishenca
на таа возраст и моите беа такви. И за жал одјадеа многу јадења. И и јас како тебе со велев аман што им е на моиве. Има деца со мерак јадат све а моиве како да нема што да јадат. Лани некаде средината малово (тогаш 4 год) имаше еден период каде што ден два ич ништо не ставаше вуста. За една недела дали 5 пати беше јаден. Толку страв ме фати. Тогаш ацерола зедов и пројаде. Ама сега нема во секоја аптека ацерола, имам прашувано. Ќе видам ќе пробам со препораки од овде