Како го давате молерсот? Мојата чист не сака да го пие. Може ли да го давам во млеко нели дека рибино масло ?
Јас и го давам по една лаж наутро.. има од лимон ,тути фрути...ако не го сака така тогаш земи од гумените рипчиња со вкус на јагода ...
Мислам дека не смее под 3 г. Тогаш пробај од тути фрути..и мојава не сакаше ништо да пие нит молерс ни пробиотик ни матичен млеч ,ќе ја стиснам убаво во мене и на сила..сега сама си бара наутро ,си го знае редот..можда е некоја фаза Или пробај со некоја нејзина омилена храна демек ќе и дадеш ,да ја отвори устата и оп стави ја лажичката Мајкички сме ,мора се да испробуваме
Син ми само од лимон не го сакаше. Со борби го потрошивме. Тути фрути и јаболка ги пиеше без проблем. Не ги мешам со ништо, така давам во лажица. Друга опција се капсулите на HealthAid. Ги боцкам и цедам во лажичка, полесни се за давање зашто дневната доза (1 капсула) е многу помала количински од молерсот (2,5мл). Спојлер
Мислам дека баш со млеко не може, еднаш и дадов Молерс па за брзо време млеко и ми исповрати се. Мислам можеш во некоја каша ама да ти биде на врв, да не ја мешаш многу за да не ти остане неизедена па да не ја прими дозата. Во сок ќе се изпозалепи за чаша и на дно ќе остане.
Јас го давам со млекото навечер пред спиење. Не знам дали е правилно ама друг начин не најдов, го плука а во вода и сок го осеќа и не ги пие. Проблеми како повраќање немал до сега, веќе 6 месеци го пие вака
И јас вчера и ставив во млеко го испи немаше никаков проблем. Но потоа му кажав на маж ми и се замидливме дали е правилно до млеко да се дава. Таа не јаде каши , нема шанси со јадење ќе одети па нема да јаде после .
На почеток се плашев и јас дали ќе има проблем, ама до сега никогаш немал некоја реакција. Прашај и педијатар за да си помирна, ама ете од мое искуство нема ништо лошо валда
Да нема шанси чист да го пие. А ете ни шируп не сака да пие. Претходната недела беше со тем. едвај некако и дадовме. А си пиеше мака си немаше.
Мене денес ми го донесоа сирупов пд Германија но на него пишува за деца над 6 години а мојата најмала има година ипол. Дали има др Саностол за помала возраст?
Да има https://www.annifarm.com.mk/en/product/multi-sanostol-230ml-сируп/ Кај нас го има овој над 3, јавете се во аптекава може ќе ви го донесат и овој
Од поодамна го немаат аптеките тука... Ќе вртам пак по аптеки но пред еден месец секаде го барав и рекоа веќе не се увезува. Ти благодарам во секој случај ❤️
Мајки дали имате користено Есприко капсули омега за поголеми деца? Какво е вашето искуство,дали се само за хиперактивни деца или може да се земат и за концентрација кај поголемки? @JuLleE ,мислам дека те имам читано низ темиве дека ги препорачуваше или некоја друга членка.
Синко ги користеше и добри беа. Баш за концетрација се, за поголеми деца мислам дека се пиеше едно по две наутро и две навечер. Пишува во упатството мислам. Нам дозата од лекар ни беше препишана.
После колку време пиење сируп б комплекс се прави пауза? Сега го завршивме второто шишенце од Бекутан.