Ти благодарам Јуле.Јас редовно им давам омега на моиве,ама сакав за големата (10 г) овие да ги земам гледам во Германија поевтини од кај нас дупло па дали да ми ги донесат,онака за со школо сега кога ќе почнат малку да ја подобри концентрацијата оти многу е расеана на моменти од се што сака да постигне.
Имам пишано. Јас го ставав во млеко, не знам дали е правилно ама никако на друг начин нејкеше. Ова период додека да го прифати вкусот, сега со шприц си го пие
Кои Д3 и Омега ги давате на деца од 1 година и 5 месеци и во која доза? Моментално му давам Бејбитол Д3+Омега 1 капсула и 3 капки Пливит Д3. Сакам да пробам нешто друго, Пливитот да си остане ама Бејбитолот да го сменам со нешто.
И на Молерс ни препорачаа. Ќерка почна да ги одбива Бејбитол, сменивме Молерс од јаболко и си пие без проблем
Молерс се само Омега3 така? Кој производ конкретно? Како се дозира и колку капки би давала од Пливит Д3?
Освен омега содржи и А и Д витамин и ДХА.За малите сирупчето со јаболка или лимон. Моето и двете ги пиеше без проблем. Сега ги грицка рибите. Тие се како гумени бомбони, за деца над 3год. Се тоа ти е доволно за зимен период. Од Пливит може да продолжиш со 2 капки. Во Молерс има 200и.е во дозата што ќе ја пие мали. Евентулано да се консултираш со матичен за повеќе или помалку. Посебно можеш да даваш плус витамин С.
Јас давав Бејбитол плус две капки Пливит. Продолжив со Молерс 2,5мл и 3 капки Пливит по совет на педијатар. Овој го пие https://www.zegin.com.mk/mk/mollers-omega-3-maslo-zeleno-jabolko-250-ml
Фала девојки. Ќе ја прашам матичната за точна доза. Он уствари и нејќе сирупи со вкус ама морам да пробам. Со Бејбитолот нема проблем го пие ама ми здосади, некако не е практичен, останува на прсти, на лажичката. Каков Ц витамин даваш Дуфи?
Искрено Бебитол се нови препарати и јас ич им немам доверба. Иако давам нивна омега. Молерс е многу подобра и проверена варијанта. Пико Ц давав на големиот кога беше бебче, после Ацерола. На малата исто планирам да почнам со нив зимскиот период.