На малото од 3 месеци само Вигантол му давам, друго ништо, пробиотик ваја на периоди, е сега летово ми го плука а нема никаков вкус. Па така кога ќе прими кога не Матичната па ми рече летово ич да не му давам, ама давав и на првото дете до 3, 3 и пол год му давав Пливит Д3 редовно. Е сега ве читам да земам и јас од овај со јаболко, досега омега нема примано, почнав на 3 месеци ама повраќаше и ја прекинав така ми останаа ампулите. Ни првото дете не примаше омега, воопшто. Др прашање, на големиот (декември 6 год ќе прави) на периоди му течи крв од носот, пр лани летото, после еден период пролетта, па пак летово, еве поќе од месец си течи, му давав Витамин Ц капки, па пред 10 дена со ацерола почнав ама еве сабајлево пак еден куп крв истече... Матичната вика дека не е страшно, капилари пукаат сега од жешково, па дур зараснат си течи, некој совет? И на дете од братучеда исто, на другарка исто ама него одма од ацерола му прекинувало.
Витамин Ц капки за 3 и 6 годишни деца какви користите? Цело време ги користев на биоекстра сто се зелено со жолто но веќе извесен период ги немаат и не знаат кога повторно ке добијат
И мојата не сака сирупи со вкус (а на пример, нема проблем со Пливит, пробиотиците Биогаја и Ваја) ама ризикував и зедов Молерс тути фрути. Фала Богу го пие веќе една недела, се надевам ќе продолжи. Од истата причина ја сменав омегата на Бејбитол. Ја пиеше ама ептен непрактична и видов дека подобар е составот на Молерс. Инаку има на Биогаја пробиотик со плус Д3 и содржи дури 400 ие, таков зедов сега, долго го немав давано. Во Молерс како што пишале погоре има само 200 Д3, мора и плус да се дава.
Да обавезно мора плус. Јас Ваја пробиотик користам ама тој што е без Д3, баш ќе видам колки ИЕ има во тој што е со Д3. Исто и син ми без проблем ги пие Пливит, Бејбитол и Ваја, а Блокмакс пример го плука зошто е од портокал. Ќе пробам и јас со Молерс дефинитивно.
Овде баш е и на попуст, бесплатна достава над 1500 денари. Те цитирам тебе ама може и на друг ќе му се најде.
Ама мислам дека тие беа за деца над 3 години или грешам? Дека знам опција само ми биле Пливит и Бејбитол.
Тие шо давате омега и б вит колку време ги давате, дали правите пауза, заприметив во каката како црна да беше пола, дали се јавува од овие витамини, исто давам и виранто сирупче.
Колку што знам каката може да биде црна од суплемент за железо, не верувам да е од работите што ги даваш. Омега3 пие откако е роден, б витамин има пиено на два пати преку мултивитамини, а Виранто не знам што е.
Добри се со рок? да земам залиха за зимово. Гледам баш само тути фрути најбараниот е на попуст, чудно обично кај нас на попуст е тоа што не се троши
И јас ги користев тие, сега овие ги земав https://zegin.com.mk/mk/pharmavital-baby-vital-vitamin-c-kapki-6-meseci-30-ml?language=en во фрижидер ги чувам.
Ние сме скоро 9 месеци и давам само д3. Почнавме во градинка, па дали треба да му давам нешто превентивно или мало е? Матичниот ништо не ми кажа.
Ќерката е 3 години, ортопед ми рече и за нејзе и за мене 2 капки вигантол. Ваљда таа е дозата и за 4 год.