Бидете внимателни со Omega-3 додатоците барем во летниот период ...гледајте да се чувани на ладно и темно место пред да ги земете но и по отворањето дека маслото се распаѓа и оксидира. Оксидацијата може да доведе до создавање на токсични соединенија и слободни радикали кои можат да предизвикаат воспаление и оштетување на клетките. А се препознаваат по тоа што може да имаат непријатен мирис и вкус, што може да ги направи не адекватни за конзумирање. Ако се расипани најчесто имаат Горчлив или кисел вкус.
05/26 баш денес ми стигна. Пливит една капка 200ие, вигантол 500ие. Сепак ортопед препишува доза. Мене ми кажа сега од септември по 3 капки вигантол (1500ие) да давам на двајца (7г и 1г8м)
Ах матичната наша ич нема време да врати и таму ко ќе одиме за преглед на врата не прегледува шо се вика на две мин, така да од искуство шо сте давале по колку треба,да знам.
Д витамин ортопед дозира, не матичен, ако треба се прават и тестови. Вигантол е маслен раствор (пливит не е пример), има подобра апсорпција, имаше и кај нас некои ама не ми текнува кои точно. Во принцип ко што гледам и повеќето таа доза ја земаат, 3 капки во зима, јас давам и во лето по 2, мојата е скоро 3 год. Ама сепак, не би дала на своја рака, ако одите на ортопед прашај.
Ако се предозираш има штета. Веројатноста за деца можда е мала на наше подрачје и животен стил, ама јас лекови и суплементи давам во консултација со лекар. Мислам дека вигантолот имаше 500 интернационални единици во 1 капка, не е мала разлика меѓу 1000 и 1500 ие.
да ако се предозираш нормално дека има штета, ама можеш да се предозираш од 2-3 капки вигантол? дури и ако нивото на витамин д е во нормала? Во ред е да се консултираш со лекар, и да бараш мислење од стручно лице. Ама да не претеруваме дека за 3 капки вигантол треба тестови да се прават. Дневната доза кај деца не треба да надминува 3.000 единици, а кај возрасни 5.000. За да дојде до предозирње треба подолг период да внесуваш огромни дози. Има и шотови за деца до 50.000 единици наеднаш. Ортопедите и матичниве дозите што ги дааваат се исто така од рака, безбедни дози. Не дека испитувања прават. Може кај бебиња до 12 да гледаат развој раст, коски....ама за поголемите деца е исто ко ја да сум си кажала
Не можам на форум да советувам некој да си дава на своја рака 1, 3 или 5 капки вигантол. Дали ти ќе даваш или не исто така е твоја одлука. Баш затоа што не го давам 3 дена, го давам долг период, се консултирам со лекар. Тестови се прават ако има потреба. И реков, веројатноста 1500 ие на наше подрачје со наш животен стил најверојатно не е штетна, ама тоа кажува лекар, не јас.
Малото има 2 години, му давам провен пробиотик со витамини, фероглобин за железо, витамин ц капки, и молерс. Големото синче има 6.5 години сега тргна во школо, му давам ацерола, омега фиш оил со бетаглукан, и б комплекс гранули. Дали можам да им давам за имунитет плус бимунал сируп, гледам сега е на акција а е на природна база? Исто ги гледав тија марсовци за големото, дали некоја мајка ги има користено да сподели искуство? Која комбинација има резултат, еве прва недела во школо и одма се и двете болни и покрај витаминиве кои веќе ги пијат?
Почнав да давам молерс, па не ми е јасно дали треба да прекинам нешто од она што давав пред тоа (Вигантол и Омега)? Или Молерсот оди плус на се ова?
Молерс е омега, ако даваш друго, дотроши го, па почни со молерс. Вигантол треба да продолжиш, само треба да се земе предвид дека и молерсот содржи мала количина витамин Д (мислам беше 200ие во доза од 2,5мл).
Веќе даваш имуностимулатор. По мене немаш потреба ни од него. А два заедно не се даваат. Омега и ацерола се сосем доволни. Ништо не менува имуностимулаторот ако децата се болежливи. Ќе стекнат имунитет кога ќе дојде време. И мојот е толкав, со бебе дома. На градинка одеше редовно кога се роди малата, сега во школо. Освен молерс рибички и ацерола повремено не давам ништо друго. Малата само д3. Во план ми е да почнам со вит ц.