Каков Д3 давате на 17-18 месечни бебиња и по колку единици сте советувани? Долго време давав по мое оти различно ми велеа ортопед и педијатар. Летово дури ич не давав, сега сакам да почнам пак. Бејбитол Д3 + Омега имам дома, колку капсулки смеам дневно од нив?
Јас витамини давам цело време на своја рака,ако чекам матична да ми каже, толку и ќе каже. Еве скоро 3 годинки ке прави сите витамини што ги прима читам искуства,се консултирам итн. Маричната не ни знае што прима ,нит се замара многу. И крвна слика на 3 месеци обавезно проверувам и фала богу досега е одлична.Здрава храна,суплименти,природни сокови ,смути...
Каков Д3 давате на 17-18 месечни бебиња и по колку единици сте советувани? Долго време давав по мое оти различно ми велеа ортопед и педијатар. Летово дури ич не давав, сега сакам да почнам пак. Бејбитол Д3 + Омега имам дома, колку капсулки смеам дневно од нив?
Жал ми е што немаш соодветен педијатар. Мојата пак се ми кажува, секогаш ми објаснува убаво и 100 пати ако препрашам, знам да сум прилично досадна. Се координира и според ортопедот и не ми дава витамини и суплементи освен кога ќе оцени дека треба. Крвна слика и правам само ако ми каже лекар.
Сега давам 1 капсула Бејбитол + 3 капки Пливит Д3. Да завршам со Бејбитолот што го имам ќе земам Молерс и ќе давам 2.5мл + 4 капки Пливит. Не сум прекинала со давање, пие откако е роден.
Пишува на кутијата дека над 3 години е 2 рипчиња на ден, јас толку давам. Ме замисли па тркнав да прочитам. @joy1 ако ти јаде се детето не знам зошто и би давала. Мојата риба и месо не јаде, па се обидувам на секој начин да компензирам. Да си јадеше се што треба, освен вигантол во зима не би давала ништо друго.
Не давав ни јас ништо, ама веќе со месеци не јаде, ама баш не јаде, не сака ни да проба. Барем да проба па да рече не ми е убаво, полесно ќе ми е. Ама вака... И ајде период е, ќе помине...ама не поминува, месеци и месеци се во прашање. Плус ја приметувам дека се претвори во нервозно дете и кога ќе споредам со тие два дена во месецот кога по грешка ќе касне по нешто, тогаш не е таква. Гладна е, се буди ноќеска за млеко, што не било случај претходно. Не ја форсирам, никогаш не сум ја терала на сила да јаде за да не створи некаква аверзија спрема храна, оставам на маса, таа и 3 дена да поминат нема да го чепне. Ете денес зедов џуниор протект, да видиме како ќе се покажат. Морав за да си бидам чиста пред себе дека нешто правам да и помогнам.
Две пишува да, ако давам две ова ич нема да е исплатливо ќе има за пола месец, нека пие од сирупот на сестра му
Не се осеќај Јас за големиот се и сешто , за малата тргна во градинка и осеќам грижа на совест ни вит Д не сум и купила Ајде земав молерс бар , ама и тој ќе го запоставам понатака знам
Јас чат пат купувам нешто и на крај фрлам.Ке седи дома со месеци неотворено и ке помине рокот. @Emy867 да не е слабокрвна па од тоа да е слаб апетитот?
Последно пред неколку месеци хгб беше 148, не била никогаш со слаба крв. Не знам што и се случи, какви оброци јадеше до кај 1.5год Од втората година наваму не е истото дете.
Леле скроз исти е и мојот . Дома уста не отвара , од жал дека ништо не јаде ќе му дадам малку чоколатце Ни јас не сум дала никакви сирупи за имунитет или за апетит, нит витамини. Мојот во градинка па све јадел ,ама дома уста не се отвара . Ништо ништо не проаѓа Навечер ќе испие едно шише адд,за викенди ми бара и наутро . И давам,што да му правам Што убаво здраво си јадеа до 2г,нели Кога ќе си видам јеловниците во тефтерот од тоа време ми се плаче
Лани изеде тони праски, кајсии... Ти се верува ли дека оваа година НЕ ПРОБА!!!! Си помина сезоната на еден куп овошје, она само леб глода (понекогаш) И вода Кога ќе каже лепчеееее, абе Плус и мн е разлошена, мн. Ми наплаќа сега за бебе што не плачеше. Сега само се вришти (без солзи, нормално)
Јас на ѕверкава само вигантол ама и тој го заборавам. Земав демек вит ц ковид имавме, 4 пати и дадов. До лани свашта и бутав, сега.... За воља на вистината се јаде. Вчера се накрка октопод и лигњи. А бебево од коа е родено само вит д, ни омега не сум му дала.
Исто , скроз исто . Еве го 14ч дојде , одвај заспа . Изеде само едно мини кроасанче севн дејс, а од 06 ипол е станат