Само да не е карактер, оти нај*бала сам @Bubce38 , барем спие твојот. Оваа и со тоа раскрсти одамна. Еве ја рипа на спална како кукурек, а од 07 е станата
Ауфффф Уште да не спие и Негорци ќе го фатам @duffi препорачај нешто за апетит , да почнам ли да давам нештичко ? Ама па и со сируп ќе е тешко мислам,ќе го осети во вода ,а слаб е и со сок пиење Ќе треба у КК
Ни јас не давам. Не оти не сакам туку не сака да ги пие. Шишиња еден куп во фрижидерот имам, само пари лупав до сега за витамини.
Ако децата ви јадат разновидна храна, како и овошје и зеленчук секојдневно, нема потреба за додатоци.
Секако, кога би живееле во чист воздух и здрава храна. И јас не сум да се претера со суплементи. За имуностимулатори па никако. Освен кога се нема друг излез. Ама Вит Ц и омега повремено е сосем ок.
@duffi почнав да давам киндеримун на двајцата, големиот скоро 9, малата 2 год. Дали треба дополнително д3 зимава?
Ние се жалиме оти ни сув леб нејќат не па секој ден разновиден зеленчук и овошје. Банана и јаболка проаѓа чат пат ,ама разноврсно. Де на ленти ,де на колца,де цела
Овие се тие солдевит? Нарачувам Молерс, па да ги нарачам и нив ако зс тие, за колку време осприлика би ми било едно шишенце за да знам колку да нарачам?
Малата е 3 и пол години и е 12кг. Од суплементи земав гранули б комплекс ама и тие не ѝ ги давам редовно,забравам. Сега и вит.д и ц земав, гледам редовно да давам барем Д. А за јадење што да напишам веќе. Во градинка само лепче јаде, овошје, зеленчук скоро ич, е за макарони и пржени јајца е прва. Неќна изеде две и пол пржени јајца без ништо др. До спање ништо не ни јаде друго. Млеко со несквик секоја вечер пие. За блачко е пукната, да може само на тоа ќе живее цел ден. Многу се нервирам, ама татко ми ми вика дека и јас сум била таква. И маж ми бил таков. Какви родители такво дете
Виранто сирупот колку дена смее да се дава? Го давам една недела превентивно за да не настине, имаме операција во среда
На малата можеш да даваш уште 2 капки пливит. За големиот нема потреба , во 3 мали лажички има 400ие, доволно е за него.
Здраво, да знаете за тие што користите ацерола пастили што се во зегин се на акција 1+1 за околу 250-270 денари, вчера земав по препорака на матична за таков витамин ц