До која возраст давате д3? Нели има и во Молерс исто д3 и нели е тоа доволна количина за 4ипол години дете? Јас само д3 давав мислам докај 3год и после тоа продолжив со Молерс само.
Во молерс има 200ие, јас давам 2.5мл, тоа е малку. Мојот има 13месеци јас давам 3капки Пливит и молерс. Нас 3 години е 5мл нели и има 400ие, мислам дека е малку.
Исто сме и ние одвај 15кила може и 14 да е сега 4години. Ич нема апетит јади да му дадеш сега почна се помалце да јаде пола порција и не можел повеќе. И кога не ми јади вака млеко му давам си пие и може по две банани во ден да изеде да знам дека му е полно мешето, но не се поправа. Нема нешто да сака да јаде ако го прашам да си одбере па не ми е проблем било шо нека бара само, но не сака ништо. Сака само да му давам јас и тој играчките пред него.
Здраво, Давам од шишенцата protect junior. Сакам да почнам и со молерс. Дали би било премногу за 2,5 год. ? Бидејќи витамините Д, А, и Е ги има и во двата производи.
До сега не давав никакви витамини дури ни д3. Шубе ми е некако заради тоа. Ама со сила не може. Ги плукаше. Па нон стоп да ја малтретирам секој ден на сила не бива. Е арно ама се разболи и мораше пробиотик да пие успеав со лажење да и дадам. Има напредок. Па решив да го искористам тоа. Молерсот за што го давате? И кој вкус ви го прифатија овие пребирливите деца? Во план сум да дадам витамин ц, вигантол и молерс. Колку капки вигантол давате на 2 годишни деца, односно колку давате со молерс, колку без молерс? И кои други витамини ги давате на 2 годишни деца што одат во градинка? Ајде сум решила пак да го полнам фрижидерот, само овој пат се надевам нема како и секогаш да завршат во канта со пројден рок воопшто неупотребени.
Молерсот е омега. Со молерс, давам 2 вигантол. Немаат вкус, можеш и на лебче, бисквита, било што што јаде. Зелено јаболко до сега пие, го сака, за тоа не менувам вкус, не ми се ризикува.
Барем Д3 мораш да даваш редовно најрано до 3 години па и понатаму, ќе најдеш некаков начин. Баш некни слушав дека децата што редовно примаат Д3 полесно поминуваат болести. Кај син ми не сум ги прекинала Д3 и Омега3 откако е роден и вистина релативно лесно поминува кога се разболува. Може е коинциденција не знам. Инаку он има 1 ипол година и моментално пие 2.5мл Молерс, 3 капки Пливит Д3, Пробиотик Ваја и Ц Витамин. Молерс Тути Фрути пие, ама не е прибирлив он, без проблем ги пие суплементите.
Д3 мораш да најдеш начин некако, биди упорна. Инаку јас му давам д3, молерс омега, некогаш пробиотик ваја и ц витамин затоа што се случуваше да му тече крв од носето.
Вит Д не е мн. Е сега провери за другиве витамини колку треба и спореди, израчунај. Различни намени имаат, ама имаат и витамини што им се поклопуваат.