Саностол сируп со железо за 6+ години, дали може да давам на дете 3 години по пола доза дневно или воопшто да не давам?
Јас давав така на две годишната ќеркичка. Најдобар сируп што може да постои, а три деца имам, свашта имавме пробано.
Изгубив ориентација Д3 на Пливит како се дозираше? Ортопедот кажа ко ќе крене килце да дадам Х капки и од едно увце влезе, од друго си излезе
Јас давам 3капки. Мојот е 14месеци, во една капка има 400ие, плус му давам и молерс ама таму има само 200.
Да,јас ги користам и за двете деца наназад неколку месеци и сум задоволна.Имаат и во комбинација и со други витамини,и само чиста омега.Ми одговараат на цена,често се и на попуст во Зегин,а инаку се мекички со вкус на портокал или лимон.
До која возраст е овој, мене мо треба за 6 години, гледам има и за над 6 ама на него пишува плус жекезо... ќе порачувам преку луѓе од германија па да знам каков да порачам
7 евра е едно шишенце,ама цената е според возраста,за поголеми деца е поскап. Мене ми го купуваат стриктно од ДМ.
Мајки за поголеми дечиња 5, 7 години каков витамин Ц давате? Порано им давав Ацерола ама сега не сакаат да ги џвакаат, кисели им биле
Дали некој дава д3 + омега по една капсула и плус пливит капки? Бебе за 3 дена полни 7 месеци. До сега давав само д3+ омега од оние на babytol ама кога бевме на вакцина докторката ми кажа и од овие капки да давам. Зар не е една од капсуливе доза баш колку што треба?