Јас давав, од тогаш да, на преглед бевме на ортопед вториот на 6 месеци што е. Една капсула бејби тол д3 и дха омега и една беше излеа не се сеќавам капка д3, ама пошо една повеќе остануваше лажиче купив чисто д3 на бејбитол до 1год тоа давав.
Така ми кажаа така давав, зима беше и тој период не биле многу на сонце изложени до кај година му давав така.
Витамин д се дозира според килажа. 1 бејбитол ако не се лажам имаше 400ие. Малку е за бебе 7 мес. Моето бебе е 4 ипол мес, од 2 мес кога имаше 5 кила прима 1 капка Вигантол што е 500 ие. Неделава сме на ортопед очекувам да ми качи на 2 капки зашто има 7 кила. Консултирај се со педијатар. Немаш потреба за бејбитол пари да лупаш, пливит д е 30 ден на рецепт, вигантол е 130 ден во Србија. Бејбитол имаат само јак маркетинг, а витамин д си е витамин д.
Gi citav pivekjeto komentari I uste tolku se zbuniv sekoja dava po nesto razlicno Sto da davam na dete od 2ipol godini za iminitet, momentalno osven sto pie svezo isceden sok od 1 portokal I pola limun drugo nisto ne sum mu daval, Potreben mi e sovet!!!! Vi blagodaram
Препорака за моето бебе до 1 година и од ортопед и од педијатар беше само 1 капсула бејбитол, односно 400 ие. За над 1 година ортопедот ми кажа можам да зголемам од 800 до 1000 ие. Зошто сите различно кажуваат за д витамин не знам.
Кај кој ортопед го носиш? Како може да е иста доза за бебе 3 кила и дете 10 кила? Јас кај и да сум ги носела килажа гледале, на 3 ортопеди и 2 педијатри.
Не знам зошто не ти спомнале. Ваљда зашто се неписмени докториве на државно или не се замараат. Јас ќерката ја носев кај Видоевски и Александра од Орто пед плус, синот сега кај Ласко од Орто пед плус, двајцата носени на педијатар кај Виктор и Сандра кај Паскалов, сите по килажа ми дозирале.
Денес бевме на ортопед со бебе кај Ласко Коцев и потврдено, витамин д се дозира според килажа. Му качи на синко 2 капки, 7 кила е, на ќерката 3 капки, 15 кила е и мене ми рече 4 капки да пијам.
Мене па Тони ми рече доволно и било една... дека океј и беше се развиено, немала знаци дека има дефицит. Јас очекував повеќе да и даде...
Следна недела 5 прави. Вториот е измеѓу 4 и 5 или меѓу 5 и 6 мес. Кога бевме на 2 мес, се превртуваше таму синко, циркузи правеше па ни рече меѓу 4 и 5 дојдете, живо темпераментно бебе е ова. Чудно. Мене и за ќерката ми зголемуваа. Работата е да не се јави дефицит. Како утврди дека нема дефицит? Проверувавте преку крв? Обично се гледа по споро затворање на фонтанела и меки ребра ама па тоа е веќе проблем, затоа се качува доза со килажа, за да нема дефицит.
Фонтанела, ребра и нешто кај ноџињата... се тоа и било супер рече и да терам со една ампула или една капка Солдевит. А и јас мислам дека повеќе и треба... Мн е големка за возраста и мн брзо расте.
Прочитав некаде ама ми избега мислењето, витамин Ц не се меша со други витамини? Јас последнава недела од што не можам да му дадам да се напие а да не ми исплука имам едно мало чашче пластично обележано за дозирање и во него му ставам молерс, витЦ и витД и малку сок за да му ги заблажи, ги пие заедно сите, да не грешам нешто?