Јас вигантол и давам заедно со пробиотик. Дека помалку капки се. Витамин ц и давам посебно дека 16 капки ставам од пико ц и толку ми бере во лажичето. И молерс давам посебно.
Јас давам молерс 2.5мл вит Ц 5 капки, и д3 3 капки. Сите заедно, ај ваљда добро е, кој знае што сум прочитала и каде
Мислам дека се викаше Светлана. А матичен одиме кај Паскалов, истото што ми кажа и она ми го кажаа и таму. 400 ие до 1 год, над 1 година 800ие.
После 2год. давате Бејбитол? Нешто ко да ми е во мисла дека од тие со плус омега, ко да се за до 3год. користење. Педијатар ништо неспомна за конзумирање.
Сме заборавиле ново, неотворено пакување од Пливит Д3 во ранец кај ќерка. Може да се употребува или да фрлам? За отворено знам мора во фрижидер, така и чуваме ама за ново не знам.
Србија, ако имаш некој да ти донесе, има и жени што носат да си нарачаш. А јас нарачувам од Жива Фарм, Велес. Праќаат и по карго.