Почнав да давам на големото дете фишоил со мултивитамини во комбинација со прашокот б коплекс и ацерола портокаловата од зегин и сефте приметувам ефект, почна да му се јаде , му се зголеми апетитот, само се надевам да потрае. https://zegin.com.mk/mk/easyvit-eas...o-ribino-maslo-i-kholin-30-tableti-za-dvakane https://zegin.com.mk/mk/pharmavital-b-kompleks-forte-granuli-70-g https://zegin.com.mk/mk/alkaloid-acerola-180-mg-30-tableti-za-dvakane
Препорака за витамински сируп што содржи цинк,а да е прифатен од вашето дете? Малото пие Киндер,големото проба не му се допаѓа на вкус,па да му земам нешто друго,но битно ми е во составот да има цинк.
Мене матичната овој ми го даде, има испиено само 1 шишенце и тоа август-септември така беше настинат и рече ајде една доза за да му помогне нека ја испие. Фала богу зимава не сме имале сериозни некој здравствени проблеми, освен температура или растечен нос. Дали е до сирупот или има имунитет, нешто упали. А и убав е на вкус, како сокче.
Ако не мора да е сируп, чоколадните мечиња Пробивал...имаат пробиотик, вит ц и цинк ама не знам колку мг...ама син ми ги обожава а пример гумени бомбони не сака да види, овие се баш како чоколадо
Искрено не знам стручно...еве го составот не пишува точно колку какао има ама има, не верувам дека е голема количина А вит Ц и цинк има 100 посто препорачана доза за деца, значи со едно мече до 4 год, две над 4 е покриен со цинк
@Anika55 мајка памтам ти ги користиш КидзОмега, тврдички ли се ко бонбони или како желе? Едни на Изивит фрлив омега, како желе се и ич не ги сака, да не фрлам пари без потреба.
Не се тврди, мекички се и полнети со течност. Јас му ги цедам во лажичка. Едит: Јас користев молерс, ама ептен се навикнав на овие и сега не би ги сменила. Дневната доза е мала количински, дали има пола мала лажичка. Мислам дека би биле полесни за маскирање во храна или пијалок за разлика од молерс на пример.
Протект џуниор ги давате за подобрување на имунитет или за апетит само? Зашто како што читав претежно за аптетит ги даваат Давам д3 вигантол и омега таблети за џвакање секој ден, ама перидов само кашла, нос растечен крш е. Никогаш претходно вака не настинувала, анод 8 месеци е во градинка. Што да давам за подобрување на имунитетот?