Колку време е препорачливо да се дава сируп за имунитет. Конкретно давам велбејби. Дали може да има штета ако давам повеќе од 1 месец?
На син ми,му давам мед со матичен млеч денеска го завршивме. Ме интересира дали правите пауза,или можам да продолжам? Вие што сте давале ако може да споделите мислење?
Овој пробиотик гледам пишува на него 2 лажички од таа внатре да се стават во сок, млеко, житарки итн https://www.zegin.com.mk/mk/proven-todlers-z-multivitamini-za-mali-deca-60-g Е прашањето ми е во која количина? Ќерка не пие многу сокови, па може наутро да ставам и цел ден да пие или во ептен мала количина и одеднаш да го испие? Во млеко не би мешала, евентуално во овошен јогурт, во смути.
Јас земав пред некој ден, и го мешам во мала чашка за ракија со компот. Ваљда е ок количина, зашто и јас сокови не давам многу. Малку ми е чудно зашто не се раствара убаво, остануваат како грутки
Друго прашање за пробиотиков https://www.zegin.com.mk/mk/proven-todlers-z-multivitamini-za-mali-deca-60-g Гледам содржи Д3. Да прекинам да давам Пливит дополнително? Да не дојде премногу. Ич не ги разбирам овие мерките, 200% и слично.
И јас сабајле баш истото си го мислев. Јас давам и Вигантол и ова, не верувам дека има доволно во витаминиве за да смета. Мокава според килажа 1200ui треба да прима, со Вигантолот внесува 1000, па на своја рака сметам дека и е таман. Едит: сега најдов некој калкулатор, зашто на вирамините пишува дека содржат д3 - 10uq, што ми го пресмета дека е 400 ui. Значи тоа ти доаѓа како една капка Пливит.
Составот го знам, оти и јас го давав, мене ме интересира што доза пишува дека има. 200% ништо не значи, и нема шанси да е толку, оти во тие мешавините најчесто се застапени 200-400 единици по дозерка. А тоа не е доволно за дете во развој. Јас давав пливит по 7-8 капки кога беа на година и пол до две, сега по 2000-3000 единици на двајцата им давам, на големиот и повеќе, и јас земам толку.
Давам Молерс плус 4 капки Пливит редовно. Овој пробиотик го земаме прв пат и затоа ми беше дилемата. Демек 200% во пробиотикот плус Пливитот да не е премногу.
Кога ќе одите на ортопед сега на 9 месеци ќе ви даде насока. Но сметам дека не е доволно. Барем зимско време зголемена е дозата на вит Д, дали привит дали вигантол дополнително се дава. Што ви кажа ортопедот кога бевте пред да седне? Не ви даде насоки околу вит Д?
Ве молам предложете омега освен молерс што му ја давате на децата. Си ја пиеше без проблем турена во сокче со д3 витаминот, но еве веќе цел месец ми ја одбива. Успеав еднаш да го прелажам со мрвици во лажичка и толку беше. Знае и вика ова не е убаво и не сака ни да проба. И ај омегата не ја пие што не ја пие ама и д3 не сака да ги пие.