Јас немам испитано мутации и сеа сум петти месец и при крај ми се апчињата и се мислам дали да продолжам да ги пијам.
Го консултирав гинекологот 1000 мг. Само не го прашав кога се пие,има ли разлика во кој дел од денот?
Женски да ви кажам дека витаминиве pregnacare се закон!! Презадоволна сум од нив, имаат повеќе железо, така да ако на некоја и е пониско ги препорачувам овие витамини.
Дали може да земам две ќесички магнезиум прашак од 300мг? Досега земав по една, ама имам мака со грчеви во нозете, а денес и болка во стомакот Инаку 27+5 сум.
Кој витамин Е и коензим Q10 се најдобри? Досега на Солгар земав витамини не знам дали ги има или на Синерџи.
Во 20та недела сум и мене ми препиша гинекологот Хеферол, ама ужасно ми сметаат на желудникот (болки, тегоби, надуеност, киселини све). Последниве два дена не ги пиев и еве веќе одма подобро ми е. А резултатите од крвна слика ми се паднати еритроцити, хемоглобин и хематокрит, а серумското железо ми е во нормални граници. Не знам ни дали треба уште железо да внесувам. Гинекологот ми е на одмор за да прашам замена, некое друго чаре да ми препорачате?
И јас ги пиев. Презадоволна бев. Поскапи се ама вредат ! Инаку да Ви кажам. Избегнувајте калциум во бременост. Јас таа грешка несвесно ја направив. Без консултација со гинеколог сама си земав, во аптека рекоа нема проблем дури и ми понудија поскапи таблети подобри биле, многу трудници ги земале. Арно ама само 2 недели пиев и кога отидов на преглед гинекологот на ехо ме виде и рече дека имам калцификати на постелка. Прашав од што може да се. Рече не е страшно, се јавувале кон крај на бременост, од суплементи со калциум можно било да се појават. И тогаш ме искара кога признав дека на своја рака ги пијам, ми рече дека за се, буквално за се треба да се консултирам иако нели витамини и минерали ни се чинат безболни и безбедни не биле сите.