Здраво на сите, правев тест позитивен излезе, според последна менструација сум 4 недели и 2 дена. Дали да почнам одма да пијам нешто за бременост или да почекам до преглед? Моментално пијам само фолна обична.
Можеш и не мораш. Фолна пиеш и си покриена. Фемибион 1 се пие додека се обидуваш да останеш бремена и во прв триместар. Има фолна плус други витамини. Нема да е грешка и да почнеш некои пренатални или да пиеш само фолна.
Фолна за бремени можеш да почнеш да пиеш, додека отидеш на прв преглед, понатака ќе следиш што ќе ти кажат
Оваа фолна ја почнав. Дали е добра? И дали и апчето и капсулата се пијат наеднаш? Планираме бременост
Ова не е само фолна, туку се пренатални витамини. Таблетата и капсулата ги содржат сите витамини што ти требаат во бременост.
Благодарам за одговорите. А смее и пред бременост така? Пиев на алкалоид една фолна и на преглед ми рекоа следен пат да купам ваква или уште некои како опција како подобри. И ваква купив.
Јас матичен млеч со мед јадам уште пред да останам бремена и од ко останав пак продолжив да јадам а никој доктор не прашав дали е правилно или не незнам мене тоа спас ми е многу добро се осеќам медот полн е со витамини.
Се плаќа достава зависно од производите, ќе си видиш на крај во пресметката ќе ти пишува колку пари за shipping ќе ти наплатат. Порано беше поповолно, сега ептен доставата е поскапена. Ми стигале за околу 3 недели иако таму дава многу подолг рок за испорака.
Девојки јас малце се испаничив, пијам метилирана фолна, се сеќавам докторката ми рече на Now као се најдобри, после сменив на солгар, од аптека и тие ги фалат . Ама работата е што и не приметив дека на now се 1000 ug , а na solgar 400,ug. Значи пијам 400 скоро цело време. Од колку пиете вие ? Со мутации сум иначе, хетерозиготна на MTHFR 1298. Се плашам да не сум пиела помалку од потребното :
Лактиферон (некој нов препарат е грчки, наменет за трудници), па после ќе продолжам со некој послаб како на пример Ферозомал.
Сите ли пиете некакви пренатални витамини? Мене на почеток докторката ми рече дека уште можам преку овошје и зеленчук да внесувам. Ама очекував на прв скрининг да ми даде нешто, ама не ми даде, а јас заборавив да прашам. Пијам метилирана фолна и б12 од Now и Ц вит од 1000. Крвната слика засега ми е супер, железо 19.4, хемоглобин 12.2. Не знам дали да земам некои пренатални плус…