Во првата бременост освен магнезиум и фолна ништо друго не пиев,ама при крај ми се намали хгб и железото па земав суплементи со железо. Во втората бременост пиев Пренатал на Џејмесон и имав супер крвна слика до крај, хгб ми беше над 130. Ако веќе сакаш да пиеш пренатални, пожелно е, земи си ги овие на Џејмесон, многу се добри.
Фала за препораката, штета нема секако од нив знам. Јас во минатата бременост пиев Премама од старт, ама крај на второ тромесечие почна да ми паѓа железото и морав Лактиферон да земам. Уште е рано 13+ сум и затоа е добра крвта, ама страв ми е дека ќе почне да ослабува понатаму..
Пренатални не пиев ни во првата ни во оваа бременост. Пијам аспирин, метилирана 1000, Б12 од 1000, витамин Ц 1000, омега 3, Б комплекс, магнезиум, Б6, пробиотик и најверојатно за брзо ќе почнам и со Идеос.
Премама има многу малку железо. Овие што ги пиев ја имаа точната препорачана доза колку што е потребна во бременост. Ги споредував тогаш и со другите пренатални, подобар состав имаа. Сега не е опасно ама при крај можно е да се намали хгб. Ова бетер од пренатални. Битно земаш витамини. Магнезиум не пиеш? Едит:Си пишала, не прочитав. Јас без магнезиум не функционирав
Да, да, побетер Само не пијам конкретно некои пренатални, сè посебно. Пијам и магнезиум, имам напишано, не си видела. Земам 2×250.
@forumce @0ли јас пред да забременам пиев омега3, ц вит и фолната и б12. На прв преглед докторката ми рече сега за сега немаш потреба од друго, пиј само фолна и б12 и ја послушав. Мене попрактично би ми било да пијам пренатални зошто повеќето работи се на едно место, а си имам pregnancy brain и заборавам. Ги видов овие на Џејмисон и ми изгледаат баш добри, нив ќе ги земам. Оли не знаев дека си бремена. Со среќа и со лесно. До каде си?
Ти благодарам Тазе сум, во петокот имав прв позитивен тест, имав трансфер со замрзната бластоциста Секако дека е полесно со пренатални, јас со аларми сум за да не заборавам и фино ми е да си комплицирам
Пренатални имаат помалку вит ц и б12 од тоа што земаш а имаат други витамини. Точно е дека можеш преку овошје и зеленчук да внесеш се друго. Јас пиев фемибион плус вит ц 1000 и магнезиум. Фолната е најбитна, другото онака...
Да, во право си. Ќе видам или ќе ги земам овие од Џејмисон или ќе почекам до втор скрининг па ќе прашам. Сѐ ми е јасно, ама кога читам дека повеќето пијат плус витамини ме фаќа шубе што јас не пијам..
И јас бев само со метилирана фолна и б12 како тебе, матичната сметаше дека е доволно, докторката на ГАК исто. Мене шубе ме фати после прв скрининг бидејќи и јас тука читав дека повеќето членки пијат пренатални, па искрено ги почнав на своја рака. После тоа окклу 20 недела и покрај пренаталните, железото, хемоглобинот, хематокритот и еритроцитите ми паднаа па почнав со Лактиферон. Покрај сето ова пијам и Витамин Ц од 1000 и магнезиум.
Јас пијам премама, метил фолат 1000, метилиран б12 1000 , магнезиум, вит Ц 1000, идеос. На почетокот пиев имприл наместо премама потоа во 12 недела ми ги сменија инаку крв, железо топ цела бременост баш денес правев крвна слика хемоглобин 133 а сум веке 8 месец
@Bella_Stella заборавив да додадам дека пијам и Идеос заради клексаните, тој ми е препорака од Јани. Ми го даде после 14 недела.
Идеос е калциум мислам дека секој го пие што прима клексан и јас го пијам од 14 недела мислам дека беше а клексан од пред трансвер боцкам од 0.4