Јас пијам премама со јод и никој не ми напоменал дека не треба. Резултстите на тсх минатата недела ми беа супер. Верувам дека има многу трудници како мене со хашимото што пијат пренатални со јод бидејќи не ни е посочено дека не смееме.
Јас секогаш ги пиев pregnacare и во нив имаше јод, а ендокринологот ми рече да не пијам суплименти кај што има јод. Незнам зошто Хипо хашимото сум
И јас сум исто како тебе. Ендокринологот само ми рече добри ти се резултатите и минимално ми ја зголеми дозата. Следам на 4 недели супер си е тсх. Кога отидов со прв тест од бременост ми беше 2.5, сега ми беше 1.7. Од друга страна па има јод и во храната, не дека можеме целосно да се изолираме
Да и мене чудно, можеби вишок не е добро или што и да е, Јас заради тоа и тука прашав дали некаде има без јод, вака се во една полесно од тоа по една од секој вит и минерал и често заборавам. Највеќе пијам фолна киселина од 0.4 и магнезиум со б6 заједно толку Супер почна тсх со 2.5 Јас вчера проверив на 4 недели и 5 дена тсх ми беше 5.54 Која доза ти е сега и која си недела Јас 100пијам од денес
Моментално сум 13+1 недела. Пијам 100 секој ден. Пред бременост пиев 100ка 5 дена и два дена бев на 75. Искрено не планирам да ги прекинам пренаталниве
Штом ти одговара и резултатите ти се ок терај. А чудно на 1.7 остана на 100ка еутирокс А јас си мислам на 5.54 да не е голема доза.. ахххх само Бог да чува Со лесно само
Здраво девојки, нарачав суплементи од Seeking health, Prenatal Essencial Methyl Free , (сите производи на Seeking health се за со MTHFR ген дефект) , ги нарачав за син ми со MTHFR генетска деплетација е, и аутизам , меѓутоа се предомислив па порачав други бидејки за трудници се специјална комбинација, доколку ви треба , исконтактирајте ме, нови неотворени се , поздрав. https://www.seekinghealth.com/products/prenatal-essentials-methyl-free-60-capsules
Здраво жени. Вие кои сте со мутации и мора да пиете метилфолат од 1000 и б12 од 1000 дали зимате плус премама како додаток? Зошто во премама има плус 400 метилфолат. Па се плашам да не е многу.
Јас почнав со фемибион 2 од 17 недела, до тогаш пиев само метил фолат 1000мг метил б12 1000мг и магнезиум
Магнезиум од 375мг по едно до 13-14недела после тоа едно сабајле едно навечер, витамин ц липосумален 1000 почнав со фемибион да пијам офд 17 недела витамин д не ми кажаа да зимам
Жени дали земате дополнително холин? Читам секаде колку е корисен во бременоста но никој доктор не го препишува како додаток. Го прашав докторот дали да земам како дополнување, ми рече немаш потреба. Ме интересираат ваши искуства.
Јадам по едно, две секој ден. Но не знам дали е доволно, зошто се препорачува до 500 мг холин, а во две јајца има околу 200 мг холин.
Некој што ги пиел ПренатаС во текот на бременоста? Дали се наменети само за првото тромесечие бидејќи гледам не содржат ДХА ?