Вообичаено се препорачува цела бременост А за дозата треба да посочи докторот или гинеколог или транзфузиолог Вообичаено се пие некои од пренаталните витамини, прво пакување ти е до 12недела, а второ од 12 до крај. Во нив најчесто има метилирана фолна и вит б12 Ако треба поголема доза се пијат како посебно пакување Имаш од различни фирми Најчесто се користи solgar, now.. Premama, femibion, pregnatol... Од пренаталните витамини
Дали на тие што ви паѓа железото ви било доволно да пиете витамини од пренаталните или сте земале плус суплементи за железо и кои?
Мислам на поголемиот дел им паѓа железо. Јас во првата бременост тотхема пиев, иако имаше минимален ефект. Сега уште не ми паднало ама кај и да е, уште месец дена макс си давам ќе биде сигурно.
Мене на почетокот многу ми падна и матичниот гинеколог ми ги препорача IronFoliq, ги пијам од 13та недела, моментално сум 20та и со нив железото ми се качи на 19. Препораката на матичниот е да продолжам да ги пијам уште еден месец бидејќи од 6ти месец нагло се зголемувале потребите на плодот од железо, па да не ми падне повторно.
Дали некоја пие дополнително калциум суплемент? Дека не јадам млечни производи, јадам портокал, зелка... Исто пишува има калциум ама не знам дали ми е доволно во бременост Дали мора доктор препорака или може на своја рака да се пие?
Аууу зошто ова никој не ми го спомнал од докторите Фала ти многу што ми пиша Ќе прашам уште утре... Јас еве 10 дена боцкам клексан Се надевам дека не е касно за калциум
Не е страшно и јас ги заборавам искрено на толку суплементи плус не треба да се мешаат со млечни работи барем 2саати, мене од Систина на втор скрининг ми ги препишаа Идеос се викаат
А кои други суплементи ги пиеш и како ги распоредуваш во однос на клексаните и воопшто помеѓу себе да нема штета?
Наутро по доручек цвит 1000ка Метилирана фолна метилиран б12 По ручек пре мама За 2ипол -3часа калциум Клексан навечер Магнезиум навечер
Фала ти што сподели Значи дополнително д вит и железо освен од пре мама не земаш.. Јас пијам и токорелакс од почеток до крај така ми кажаа
Зошто се пие калциум? Во која форма е најдобар? И јас се боцкам со клексани од почеток, скоро 4 месеци до сега, но никој не ми спомнал за калциум.
На втор скрининг ми го препорачаа, идеос таблети, се џвакаат. За превенција од остеопороза, имало поврзаност со клексаните ми рече Петровска во Систина
Некаде во темите прочитав дека некоја што пиела калциум и се направиле класцификати на поселката. И мене никој не ми препиша веќе 3 месец боцкам. Дали на своја рака да земам.
Јас после празникот ќе прашам прво Сепак добро е консултации кога се пие колку како Баш поради некои такви промени како калцификати И мене никој не ми спомна ама реално сега почнав да боцкам клексан
Јас сум во среда кај Пертовска и јас ќе прашам за калциум. А и за витамин ц 1000, сите пиете? Има витамин ц и во премама...некако многу да не е и плус преку храна ...
Нема многу ц вит, се исфрла што е плус преку мокрача, за имунитет и антиинфламаторни својства ц вит е задолжителен
Јас не пијам никаков витамин Ц. Зошто од 1000? Препорака ти е од доктор? Според мене, и 500ка е доволно.
Во однос на калциум прашав Да ви пренесам Не се препорачува оти правел калцификати на постелката Не знам дали после бременоста можеби ќе треба Засега да не земам