сакав да ве прашам.на почетокот пиев прегназон со омега 3 по 1 на ден,после ги снема па еден месец пиев прегнакер.е сега пак си ги најдов прегназонот ама се мислам дали по 1 или 2 на ден да пијам дека бебето е сега поголемо.
по едно срцка нема потреба по повеке тоа е пропишана дневна потрбна доза на организмот и тоа што е многу нечини да знаеш
јас пијам 1 витамин ц,1 б6,1 прегназон,1 шумлива за трудници - калциум,1 магнезиум од 250... тоа ми е дозата да не треба уште нешто? фала ти мила
Вака, да прашам нешто: Фолна киселина разбрав дека е најдобро да се прима уште пред зачнувањето. Но што ако не се примала (од незнање )? Што ако сум бремена? А не пијам фолна (до сега)? Дали е доцна кога ќе купувам тест за бременост да си купам и фолна киселина и кои се најдобри? На Алкалоид, на Крка, на Реплек? Разбрав дека ќе треба да пијам по 1 таблетка од 0,4мг на ден. Да напоменам можно е и да не сум бремена, но исто толку е можно и да сум. Што предлагате? Или да почекам прво да отидам на преглед? Ве молам за совет.
не е ништо штетно ако пиеш пред бременоста но доколку си и бремена јас од 2-ри месец од бременоста почнав да пијам фолна киселина. на крка ги пиев позз
е ако де зимај си по 1 на ден не ти смета.јас ога планирав бременост исто пиев фолна витамин е и витамин ц.дај боже да не израдуваш
Почнав да ги користам Pregnacare витамините некаде после првиот месец од бременоста. Успеав дури 5/6 да испијам и ги прекинав затоа што имав проблем со столицата, само после една капсула конзумирање, јас не можев од дома да излезам Матичниот гинеколог ми предложи да ги прекинам и ми кажа дека доколку витамините така делуваат е многу подобро отколку да го имаат спротивниот ефект. После продолжив со фолна киселина до третиот месец и толку.
Тоа дека свекрва ти ти ги дала ти се згадило се шалам... Мамички пазете каков магнезиум пиете поготово оној кој е во форма на шумлети ,тој има многу мала концентрација на магнезиум скоро од сите производители. Како таков него ни пијте подобро купете на Витамакас или на Натурал!
Јас пијам магнезиум директ(прашок)една ќесичка е од 300 мг х 2. и Вит. Ц. Фолна кис. пиев до кај 12 недела, а иначе најново по СЗО фолната се пие до крај. Друго сега за сега не. Иначе сум 23 недела... Додека пишувам имате поздрав и од моето немирно пеперутче
Моментално земам магнезиум директ (во ќесички тој што е) 350 мг по една ќесичка на ден, вит Ц, повремено вит Б6, витамини прегназон и сируп за железо Фероглобин
јас исто така го пијам прегназонот, прво пиев обичен по 1 таблета, сега веќе сум 20та недела и земав прегназон комплит т.е. тој со омега 3 и јас си пишува на кутијата дека се пијат по 2 таблети дневно, така да би те советувала да си пиеш по 2
Едно прашање овие апчиња што ги спомнавте прегназон со омега 3, ме интересира колку коштаат? И мене ми ги препиша докторот баш вчера. Бев прееска до Зегин и ми кажаа дека ги немале баш тие имале некој други а цената им беше 900денари. И уште нешто ако некоја од вас знае да ми каже имам бактерија во мокрачата и докторот ми кажа да си купам апчиња од брусница и ги земав ама во упатството пишува не за бремени и пак го прашав докторот и ми вика пиј ги нема везе ама мене ми е некако шубе, дали има некој совет?
Јас пиев едно пакетче прегназон со омега 3 и потоа никаде не успеав да ги најдам и се откажав од нив. Сега си ги пијам прегнакерот со омега 3 исто и се да околу 900 ден. исти им е составот јас ги проверував затоа што пред се несакав да ги менувам. Значи исти апчиња различни фирми.
Jas koga imav bakterija vo mokracata piev caj od brusnica,onoj na Vitalia i uspesno ja izleciv.Taka da namesto apcinja zemi si caj,pij od nego 2 solji dnevno i ke go vidis rezultatot.Baska mozes da si zemes i susena brusnica i da si grickas od nea.
за чајот од брусница пишувавме и погоре многу се покажа ефикасен барем во мојов случај .исто и јас почнав да грицкам сува брусница само јас го земав од зегин значи чиста брусница зошто го има и по маркетиве како мешавина од други чаеви и плус брусница ама во кесички , од аптека е поскап ама поефикасен сакав да ги прашам мешињава што се пред мене со термин магнезиумот до која недела ги пиевте ?
и јас имам слушнато дека магнезиум се пие до влез на 9 ти. Е сега мојот доктор ми рече да го пијам до крај. Па нели магнезиумот не му дозволува на организмот да се опушти, односно спречува контракции (или јас пак нешто погрешно разбрав) Јас планирам кога ке влезам во 9 ти да не го пијам
да баш затоа би требало да се прекине на почетокот на 9ти , спречува контракции ,значи некаде до 36 недела би требало да ги пиеме
Здраво на сите, И јас пиев до вчера Магнесол од 150 мг по три пати на ден, ама од денес земав апчиња на ФармаВитал. ја прашав аптекарката кои се најдобри, она ми вика нема разлика, магнезиум си е магнезиум и пишува по едно на ден да се пијат (250 мг). Гледам повеќето по 2 пијат, па се мислам дали и јас да почнам по две (да не ми е малку 250 мг?). Може да има штета од повеќе магнезиум?