Мене ми препорачаа плус метилирана фолна да пијам бидејки сум со мутации. Другарки кои беа бремени во изминатиов период не зимаа ништо плус само пренаталните. Така да не ти треба чим не ти препишала не се секирај Магнезиум од 400 после 13та недела
Магнезиумот го заборавив, дека вежбам повремено, го пијам и него (нередовно). Значи можам да си продолжам со тоа. Фала ти
Јас не бев со мутации ама ми даде д3 и металирана фолна од 1000ка плус да пијам со пренаталните. Првите три месеци ги пиев.
Јас веќе затварам 5ти месец така што претпоставувам доцна е за ова. Ама ќе прашам на следен преглед баш.
Мајки штетно ли е цимет од кесички правев еден ролат со цимет ама претерав да не не чини .. А толку вкусно сега се задумав
Цимет не е штетен во бременост, напротив добар е за регулирање на шеќер. А дека си изела некоја неразумна количина цимет не верувам, зошто е таков да не е вкусен ако го има премногу.
Каква фолна пиете? Во аптека ми дадоа Алкавит од 5мг, но не знам да не е многу? Ми е страв да ги почнам.
Ако немаш мутации обичната на алкалоид од 5мг но доколку имаш мутации посебно на MTFHR тогаш Метилирана фолна ....
Ако пиеш обична фолна тогаш ти треба од 0.4 мг, таа од 5мг е за друга намена. Можеш и некои пренатални витамини да земеш, во нив има и фолна.
Јас испитував на иницијатива на матичната по претпоставка бледа сум била, кај мене беше многу низок испод граница па пиев од 2000IE 2 пати дневно, после 2 месеци се среди и ми рече да ги прекинам. Консултирај се со матичната види што ќе ти каже.
Здраво девојки, Поради намален цервикс пијам магнезиум директ 400мг 2х1. Столицата ми е цело време течна. Дали е опасно што имам таква реакција од магнезиумот и дали да ја намалам дозата?
Дали доктор ти препорача директ? Не сум најсигурна, ама мислам дека магнезиум директ многу послабо се абсорбира во организмот. Мене ми дадоа магнезиум цитрат (исто за кратко грло, 2х300mg). Зборот ми е да прашаш дали тој магнезиум е добар за намената за која ти треба или можеш да го замениш со поефикасен. Да не имаш повеќе нус појави отколку што делува за тоа што ти треба. Само пак да спомнам, лаик сум и може грешам, најубаво докторот да го прашаш, или пак во аптека.
Земи магнезиум глицинат од now кога пиев по 1200мг дневно немав никаков проблем исто за грлото. Магнезиум цитрат може да се пие ама во високи дози има лаксативно дејство кај мн луѓе. Така да таблети глицинат. Магнезиум независно која форма органска (глицинат, цитрат, бисглицинат, малат) во телото кога ќе се одели од солта, останува чиста форма на магнезиум и си се искористува. Кесичките од Алкалоид се синтетски форми обично хлорид или оксид види на кутијата. Помала апсорпција имаат за разлика од органските форми иако се прашак. И во однос на цената таблетите ти се поисплатливи за подолг период.
Девојки препорака за железо кое да го земам што е безбедно да се пие во тек на бременост? Еритроцити, хемоглобин и хематокрит ми се малку под долна граница и читам дека скоро сите се поврзани со недостаток на железо. А железото регуларно ми е во граници на нормала ама овие ми се паднати.
Препорака за магнезиум а да не е прашок. Го имам тој директ од 400 мг но мислам дека нема некој ефект. Кои таблети се дозволени во второто тромесечје 18та недела сум, да пробам со друг за опуштање на мускулите