Девојки, тие што пиеле proven pregnancy како сте ги пиеле витамините? Со кој редослед? Бидејќи има две апчиња
Здраво девојки да ми препорачате витамини за планирање бременост дали земавте посебно витамини за се или некои таблети?
Јас имам мутации, па ги паузирав Метил фолат и Б12 после бременоста, во обиди за втора, пак ги почнав, плус секој ден си пијам Омега, Вит д од 2000iu, цинк и навечер магнезиум бисглицинат.
Прегнатол ги пиев на почетокот, но ми се гадеше од Омега капсулите, никако не можев да го поднесам и ги сменив со Премама Дуо, од нив немам гадење.
Здраво. Може ли некој да ми каже како го пиете Магнезиум Бисглицинатот од Health Aid? Пишува две на ден, ама се мисли едно апче сабајле па едно навечер или? Ми беше мисла па се напив само едно пред спиење. Поздрав.
Магнезиумот опушта и смирува, па обично пред спиење се пие. Пијам по една таблетка ама некогаш ако сум преморена знам и по 2 да се напијам.
Фала многу на одговорот Колковите (поточно предните мускули) не ме оставаат да спијам, се будам на секој саат од болка, особено сега во 27ма недела, па ми е страв да не земам преголема доза отколку што треба.
Тогаш слободно земај по 2 табл, секако нема штета од магнезиум, можеш да пробаш и со Б6/бедоксин, мене исто и тоа ми помагало многу.
Кој пробиотик може да се пие во бременост? Имам ирирабилен колон па ми е страв како ќе се одвива бременоста...