Кој е најдобар да се пие? Матичнава ми рече цитрат или глицинат, ама на која фирма да земам не знааам :/
@BabyGirl92 и јас ги пијам овие на Healthaid, некогаш една некогаш 2 навечер, баш ме опуштаат, јас сум задоволна многу.
И јас сум задоволна од магнезиумот на Хелт Ејд. Една наутро и две навечер. Некогаш само навечер пијам. И неуробион по потреба.
За паѓањето и мене ми паѓаше... сега дури (7 месеци после пораѓај) малку мислам ми се стабилизира. Ама убаво е да се продолжат, особено при доење знам јод дека му е потребно на телото, а верувам и други витамини. Баш Фемибион 2 ги рекламираат и за доење дека се добри
Јас продолжив да ги пијм па пак косата ми паѓаше и сеуште ми паѓа Искрено не ги продолжив заради косата туку повеќе заради сите витамини и минерали и најмногу ДХА омега зашто знам дека не секогаш успевам да јадам здраво а не сакам да се одрази на млекото.
Да, во бременост и мене не ми паѓаше, сакав да кажам дека после пораѓај ми паѓаше и уште ми паѓа 4+ месеци постпартум.
Премама земи, ме советуваше докторката да пијам витамини од наша фирма, бидејќи содржат тоа што ни треба и ни фали на нас како поднебје. Јас пиев пред бременоста, за време и додека доев
Здраво девојки, дали некоја од вас пие Новалак Пренатал за поддршка во бременост, црни капсули се. Јас во претходна прва бременост по препорака од докторка во Ремедика пиев Фемибион и немав никаков проблем, но сега за втора бременост почнав да пијам Новалак по препорака од друг доктор и можеби не е поврзано но само што го испив за кратко време имав крварење како при менструација. За среќа плодот не го изгубив само дополнително ми припишаа Утрогестан 2х200 и ми рекоа дека нема поврзаност со тие таблети но некако ми е шубе пак да се напијам, почнувам 6та недела. Дали некоја од вас има искуство со овие Новалак? Не сакам на своја рака да менувам но се мислам можеби подобро ми одговараат Фемибион. Фала ви многу.