Крварењето сигурно не е од пренаталните витамини, горе доле сите скоро ист состав имаат. Чисто да си бидеш мирна земи си други пренатални витамини ако мислиш дека Новалак не ти одговараат, секако докторот препорачува бренд со кој си соработува и од кој зема процент.
Случајност, нема поврзаност со витамините секако. Но психата е исто многу важна, доколку те јаде нешто од внатре, слободно земи други. Јас ги пиев премама, исто имав на неколку пати крв исцедок. Утрогестан ставав до пред породувањето, иако одамна ми викаа да ги прекинам. Но реков штом нема штета, ми даваат сигурност и си ги ставав. Обавезно земај магнезиум два пати по 400 мг и бит ц 1000. Помагаат многу при вакви крварења. Јас редовно си ги земав во комбинација со премама. Со лесно и без грижи, тоа е најважно. Ова ти го кажувам јас која се замарав со сѐ и сешто додека бев бремена и овертинкинг имав за сѐ Но сега после сѐ си велам беспотребно, затоа ти давам совет уживај во бременоста.
Jas gi pijam pregnatol multi + dha tie gi imaat site vitamini plus omega metilirana folna i b12 vo aktivna forma
Дозволено ли е да се пие ацерола во бременост? Гинекологот ми рече да пијам витамин ц, јас земав ацерола.
Јас би сакала да прашам зошто лекариве го препорачуваат толку фемибион, кога искрено мене составот не ми се допаѓа. Б12 не е ни метилирам освен метилирана има и 300 уг обична фолна, обичен Б 6 наместо П5П, тие што сме со мутации имам читано дека обичната фолна несмеат да ја пијат.
Ниеден доктор не и препорачал фемибион. Премама ми даде и металирана фолна од 1000ка. Ништо повеќе. Ако имаш мутации и слично, пиј си како што си пиела до сега, нема причина зашто да експериментираш.
Мене матичната ми рече да не пијам пренатални. Ме советуваше само металирана фолна, б12, магнезиум сите на NOW и омега со ЕПА ДХА. Тоа и го пијам веќе 8ми месец сум ..
Јас сум со мутации, доволно ти е метил фолат од 1000ка. Од Јани ми е вака препорачано и така и јас пијам.
Да, подобро се апсорбираат, ама зошто би ги пиела ако немам потреба? Ниту еден доктор во двете бремености не ми кажал да пијам.
Немора да има проблем, јас ја пијам скоро 3 ипол години поради крвната слика која ми е катастрофална со години наназад.. Сега во бременост,освен што се препорачува за развој на фетусот, исто така ми рекоа да продолжам поради падот на хемоглобинот..