Ниту сум пиела, ниту некој ми кажал да пијам, ниту сум имала потреба, ниту пак децата ми имаат проблем поради тоа. Еве ти си имала проблеми затоа си пиела, исто и другите кои имаат проблеми. Сега некој кој ја чита темата ќе мисле дека мора да пие, а реално нема потреба. Премногу се форсираат суплементите за трудници и бебиња, само тоа ќе кажам.
Апсолутно се сложувам дека премногу се форсираат, патем падот на продажбата. На медикаменти на фармакологијата, се замени со суплементација… Пак ќе кажам, ги пијам бидејќи имам проблем. Не е убаво да се споредува, ама нашите мајки ништо од ова не конзумирале па пак раѓале…
Па пренаталните ок да ги пиеш со фолната и Б12 ама ако имаш и др витамини, не мора сите одеднаш...јас секогаш си пијам вит одвоено освен тие што одат еден со друг. Во помал процент се во пренаталните затоа ги пијам одвоено по дози што ми требаат..
Има ли некоја што не е редовна со витаминиве или само јас сум? Значи пред мене стојат и пак некако успевам да ги заборавам
Аа ја сум војник за витамини и за мене и за ќерка ми, и тоа јас може 7 8 посебни ги пијам секој ден без пропуст направи си распоред на фрижидер и читај секој ден или на тел со потсетник
Здраво, матичната ми препорача да пијам Премама дуо, за планирање бременост, и ги пиев 5 месеци, па правев пауза 3 месеци, и сега пак почнав еден месец да ги пијам. Искрено уште не сме почнале со пробување за бебе, обврски и работа и само одложуваме, ама сега планираме да почнеме. Дали е ок да продолжам со Премама дуо, дали е доволна фолната во тие пренатални, и дали е најдобра опција за пиење? И што друго препорачувате да пијам, немам дефицит на ниеден витамин сега за сега
Доволно се едни пренатални, не се замарај со суплементи од сега, само опуштено и правете си бебе со партнерот.
Дали може да ми кажете некои пробиотици што може да се пијат во бременост за да си носам на одмор за секој случај? Исто освен парацетамол и електролити што друго смеам за не дај боже да носам на одмор?