Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Витамини и минерали во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од koritsaki, 19 март 2010.

  1. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    И јас така знам,наводно го отежнува пораѓајот,отварањето...или така нешто :?:
     
  2. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Snow магнезиумот не се раствора во вода, туку баш како што ти стои на опаковката, од ќесенцето директно во уста и да почекаш минута- две да се растопи во уста па потоа вода.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Имам едно прашање, дали некоја од вас користи Фемибион2 и по која цена го купувате?
    Благодарам :)
     
  4. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Јас го користам. Го земам од Зегин 1005 денари.
     
  5. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Затоа прашувам денес дојдов кај моите тие жиеват во друг град , и го куив за 638 денари, а во Скопје го купувам по 950 денари
     
  6. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Јас па го купив пред една недела 1300.
     
  7. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Тоа зависи од каде го купуваш. Различни аптеки, различни цени. Инаку ова ме чуди 638 ден. Изгледа Мелинара тебе ќе ти порачуваме по родителите. :lol:
     
  8. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Јас сакав да купам повеќе, ама немаше и реков утре на мајка ми ако има во другата нивна аптека да ми купи едно 5-6 :D
     
  9. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Бремена сум скоро во 5-та недела. Немам пијано никакви витамини, сакам да почнам да пијам фолна киселина зашто читам дека е еден од најбитните витамини за развојот на плодот, се препорачувала дури и пред да забремениш. Но јас забременив и без нив, имам закажано на прв преглед за три дена па сакав да прашам дали е во ред да си почекам до тогаш да видиме што ќе ми рече докторот или може и на своја рака да се земат, пошто се сепак витамини??! Се обидувам од 4-та недела кога дознав дека сум бремена да водам здрав начин на исхрана, па почнав да јадам брокула, темнозелени салати, овошје и сега за сега се обидувам преку исхраната да ја внесувам. Да почекам за три дена да ми каже лекар или уште денес да тркнам до аптека да купам Тифол, тие читам највеќе ги фалите. Бидејќи сум веќе во 5-та недела, се плашам да не касно што и досега не сум ја пиела фолната?
     
  10. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Jeny јас почнав да пијам Тифол во 6 недела , односно кога дознав дека сум бремена. Можеш да почнеш да ја пиеш фолната киселина не е касно , но сепак пред да почнеш консултирај се со твојот гинеколог.
     
  11. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    ^минатиот пат ми ги препорачаа Алкавит, тие и ги пиев додека да останам трудна бидејќи биле подобри од тифолот, а инаку сега за сега најдобри се Фемибион 1, бидејќи содржат од витамини се што ти треба и плус јод, ама се и доста поскапи (околу 650 ден.).
     
  12. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    ти благодарам душиче на твојот искрен одговор. На преглед докторот денес одма ми препорача Тифол па од денес почнав да ги пијам. Му реков дека таман сакав да го прашам за нив, тој ме преттекна :) Ама му викам сепак сакав да се консултирам со вас, не сакав на своја рака. Ми вели добро е што си направила така,што си почекала мене да ме прашаш, иако витамини се не е препорачливо да се земаат без дозвола од лекар. Сфатив дека најдобро е да се консултирам со лекарот, најдобро знае, башка и секој организам си е различен и неможе кај секого исто да биде. Со Господ напред, нека не чува и ни даде сила.
     
  13. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Jeny мило е што ти помогнав, сега уживај во бременоста.
     
  14. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    мамички да ве прашам дали магнезиумот задолжително се дава на секоја трудница или се пие само по потреба, мене докторкава ми реце да не пијам се додека не се појават јаки грчеви (доколку се појават) ама како што гледам на форумот сите ги пијат па сум малце во збунка :?:
     
  15. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    мила јас не пијам ни магнезиум ни калциум. нема потреба немам силни грчеви .. па исто и ти ако немас силни грцеви нема потреба,,, ако пиес некој витамински тоа е доволно...
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LadySS

    LadySS Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Во врска со фолната киселина, јас пијам скоро три месеци, а сеуште не сум останала бремена, па сакам да прашам дали после третиот месец да прекинам со пиење (не сум сигурна ама мислам дека некаде прочитав дека требало да се прекине) или да пијам се додека не забременам (ама малку ми е страв ако на пример забременам дури после 5-6 месеци и плу овие 3 месеци што пиев да не си наштетам некако). За сигурно ќе го прашам докторот кога ќе одам на нареден преглед, ама ме интересираат и ваши мислења и искуства.
     
  17. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Не мила. Фолната можеш да ја пиеш цело време, неможеш да си наштетиш. Тоа е всушност витамин Б9. Се пие само фолна до 3 месец од бременоста, а потоа се прекинува и се продолжува со мулти витамини за трудници кои содржат и плус фолна киселина (односно никако несмее дупла доза на фолна киселина). Тоа што си прочитала после третиот месец да се прекине е третиот месец од бременоста.
     
  18. elenn

    elenn Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    21
    Beautiful-Princess зошто не смее да се пие никако дупла доза на фолна киселина? јас на пример на почетокот кога почнав да пијам по гршка сум земала фолна од 5мг, наместо од 0,4 и кога ја прашав докторката дали има некој штета бидејќи неколку дена сум пиела повеќе, ми рече дека не е ништо штетно, организмот зима колку ми е потребно другото се исфрла преку мокрачата. плус ми рече порано немаше фолна од 0,4 и на сите трудници им дававме од 5 мг. со текот на времето се направиле истражувања во кои наводно се докажало дека на трудница доволно и е 0,4 мг фолна, па така и ги направиле овие со грамажа. еве јас сега пијам и прегназон комплит и фолна и тоа од доктор така ми е кажано. позз :hai:
     
  19. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Прочитај на самото упатство пишува дека ако се заборави да се пие еден ден наредниот ден да се земе само една доза. А инаку само витамин Ц се исфрла преку мокрачата ако се внесе во поголеми количини. Инаку најверојатно мислиш на фолна од 0.5 мг, тоа не е многу голема разлика. Прочитај во витаминските ако имаш фолна не пиј дупла доза. Ако немаш тогаш е друга работа. За посигурно консултирај се со друг доктор. Јас се конскултирам со 3 гинеколози за се и сите 3 горе доле истото ми го кажуваат, ама знаеш како викаат стравот лозјето го чува. ;)
     
  20. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    и јас пиев фолна од 5 мг (не беа 0.5 туку 5 мг) плус прегназон... и јас бев исплашена ама го прашав гинекологот ми рече нема ништо страшно... телото си зима колку што му е потребно а другото се исфрла па до крајот на трите месеци пиев фолна од 5мг + прегназон.
    вчера Оргнаџиски ми даде да пијам магнезиум од 240 Биоелектра (шумливи) + Pregnacare со Омега 3