Уште од 3 месец почнав да пијам Prenatal Vitrum(комбинација од 13 витамини) бидеќи ми беа препишани од гинекологот ..и исто така се пијале и во доењето..исто така ги пијав и Acerola C..
Мојот матичен гинеколог е поборник на здрава исхрана и внесување на витамини и минерали по природен пат, но јас не мислам така во денешно време е прашање за нешто природно и до сега не ме советувал што да пијам, само фолна и магнезиум заради матката. Ме интересира до која недела ја пиевте фолната и од кога се почнува да се пие, односно од која недела Фемибион 2, бидејќи читам дека доста трудници ги користат, а веројатно веќе ми е доцна за Фемибион 1
Благодарам на брзиот одговор. Значи од следната недела веќе мозам да си ги земам и да прекинам со фолната нели?
Фолна киселина и магнезиум мојата докротка ми препорача до 36 недела (и тоа само, ништо друго)па до тогаш планирам да пијам. И гледам се друго што ми е потребно по природен пат да внесам.
јас се уште ја пијам фолина мислев ке ми сменат витамини али ми ја продолжија фолината,е сега незнам до кога ке ја пијам,знам дека напомена дека од нареден месец ке ми даделе некои за коски и слично,кои се тие ?
мамички ај да разрешиме нешто околу витаминиве пошто стварно ништо не ми е јасно веќе, или секој си пие по свое или секој свои комбинации си прави јас лично од докторката добив насока до 12 недела само фолна, а после ми препиша железо во комбинација со B6 и B12, ја прашав дали треба други витамини и сл рече нема потреба освен магнезиум после 5ти месец, т.е. во случај да имаш грчеви на нозете и тоа беше се од читање на интернет и искуства на другарки на своја рака си купив прегназон и посебно омега3 и сега незнам што да пијам дали навистина има потреба од витаминиве вештачки или се е комерција? јас се давам во овошје и гледам здраво да се хранам али решена сум да пијам омега3 зашто риба неможам ни да погледнам а не па да јадам два пати неделно, така да омега ќе пијам а за овие мешаниве прегназон се мислам.... а и со цената се призанеле малце за комбинација на витамини 900 денари кои траат околу три четири недели
^^^мајче јас пијам магнезиум од 250мг , витамин Ц 1000 и омега3 бидејЌи и јас ко тебе риба не јадам ... пиев и мамавит ама на последниот преглед докторката ми рече дека нема потреба да пијам мулти витамини за трудници бидејЌи е најдобро тоа сето да се внеси преку исхраната...а јас немам проблем со јадење на големи количества на овошје и зеленчук така да , да ги допијам овие што ги имам и веќе не купувам... од 28 недела ми рече да си пијам и флуонатрил заради забите....
ок тогаш да си терам и ја со омега и овие што ми се од докторкава со железо а здравје мултивитаминиве и јас да ги допијам (планирам секој втор ден да ги пијам) па после не купувам за флуонатрил исто чув , имам време до 28ма па ќе почнам и јас тогаш thxxx
Јас пијам фолна киселина, Прегназон, Магнезиум и вагинално Утрогестан. + колку што е можно повеќе витамини по природен пат.
Редовно си одам на прегледи и досега докторот само фолна ми препиша, пред две недели ми рече едно пакетче да си испијам Б6 витамини и толку.Крвната слика ми е малку намалена ама со оглед на тоа дека од дете сум слабокрвна, докторот ми рече дека нема потреба да пијам железо зашто сега засега супер се чувствувам, немам мачнини нити повраќам а ако почнам да го пијам железото можело да ми направи проблеми и да почне да ми се лоши. Ми рече да се обидам по природен пат да си го внесам. Пред некој ден кога се видовме ми рече испиј си ја фолната, колку ти остануваат апови во неа испиј си ги, а кога нив ќе ги завршам ми препиша мамавит и магнезиум. Значи со нив стартувам после трети месец. Сега засега сум само на фолна и супер ми е, си го слушам докторот и пробувам да внесувам овошје и зеленчук повеќе па ништо страшно не гледам во тоа да не пиеш од хемиите.
^^^Џени јас направив еден напиток за појачување на крвната слика...мојата е во ред меѓутоа железото ми е моментално околу 10 па да појачам малку , башка е многу вкусно! ќе изрендаш 1 кг јаболка, 1 кг цвекло , 1 кг морков...се сечат 4 лимони и се ставаат со смесата....се додава и 250гр мед..сето се меша и се става да одстои 24 часа, потоа смесата се процедува и се става во стаклено шише да стои во фрижидер....се пие секое утро по 1 мала чашка ко за ракија....
Фала ти многу Mrs Bass за рецептот, ќе го пробам. Инаку и јас имам еден домашен рецепт кој многу помага за појачување на крвната слика, ако ти е здосаден тој што го конзумираш, пробај нов вкус 4 лимони, 400 грама мелени ореви, 1оо грама семе од коприва, 1 шише гроздов сируп (или алтернативно 5 до 6 големи лажици мед). Излегува две тегли, но ако ти е многу за една тегла пола од мастрафот ќе ставиш. Се пие 3 пати на ден по 1 супена лажица.
кај мене сеуште е фолината, рекоа ке ми дадат други некои али само тоа било доволно веке сите смена а јас на фолина во 5месец сеуште се надевам се е во ред
Јас сум најзадоволна од Центрум Матерна. Немате поим која разлика ја осетив од сите останати! Пробав се, од Мамавит до Прегнакер, Прегназон, се. Од овие се осеќам највитална, и квната слика ми се подобри многу. Тоа е мое искуство, ако некој има проблеми со прифаќање на витамините нека ги проба овие. Јас имам проблеми ужасни со желудникот, и само од овие немав мака.
Јас пијам Магнезиум Цитрат од 1900 мг. 800 ден се ама за 2 месеца мислам. Колку пари е Магнесолот и колку шумечи таблети има?