Јас почнав да ги пијам Мамавит ги има сите потребни витамини и чини 392 денари по едно на ден и Биолектра магнезиум 240 форте. Спојлер
^ И таму Мамавитот е 450 денари?! Бре !!! Е зошто така?! Чудна работа. И мене докторката ми спомна демек 450/500 денари е Мамавитот и јас реков добро нека е колку што сака само да ги има сите потребни витамини. Па поефтин излезе дека е.
Нормално дека ќе си платам за витамините кои се потребни но сепак мислам дека треба да држат една цена...не само за овие...туку општо за сите...ама тоа е... Инаку мислам дека треба и кај нас да отворат една Зегин...подобро се снабдени...
денес ми дадоа и други таблти -мултицентрум-мислам магнезиум што се кај нас е сега да ги пијам и фолина или само овие од денес???
Здраво Феминки, Ве моооооолам за мислење или совет - Подолго време се обидуваме да добиеме бебе и на последниот преглед д-р Кристинка Бт, ми препорача да пијам Тифол о,4. Веќе трет месец без престан ги пијам навечер пред легнување. Арно ама не прашав и не знам дали да правам пауза од Тифол по што веќе ми завршуваат или да продолжам? И до кога да ги пијам дур не забременам, кога и да биде тоа???? Или можеби треба да воведам Б6 и Е витамин??? Ова што сум читала од вас....???? Навистина не знам што да правам, помагајте
Тифолот е фолна киселина која се зема пред бременост и се зема до кај 12 недела на бременост , а потоа докторот препишува и други лекови-витамини во кои повторно ја има и фолната киселина. Затоа најубаво е да правиш како ти кажала докторката, и ако сакаш да земаш други лекови најубаво е да со консултираш со неа. Јас откога се породив повтроно продолжив со витамините кои ги земав во текот на бременоста, бидејќи тие се земаат пред, за време и после бременост.
Девојки јас на своја рака го прекинав магнезиумот.Докторката ништо не ми спомна на последната контрола.Се надевам дека не правам некоја грешка?Колку што знам нели во 9ти месец не се пие? А Мамавитот сеуште ги пијам...
Девојки да прашам, гледам дека доста од вас пиеле фолна пред забременување. Мора да сеа пие пред? Јас сум сега 5та недела, во понеделник имам закажано прв преглед ама досега немам пиено ништо. Колкава разлика прави тоа и треба ли малку да се исплашам што досега не сум пиела
Пожелно е да се пие при планирање на бременост, но не е страшно што не си пиела.Почни уште денес нема никаква штета.
Мене докторот на последната контрола ми препиша Pregnazon Complete, но само по една капсула на ден. За магнезиум и калциум си прашав, бидејќи имам проблем со делот околу карлицата. Имам големи болки, понекогаш имам чувство дека ќе се распаднам. Не знам дали има врска со бременоста? И да има, рано ми е, тек сум 13 недела. Е сега во прегназонот има и магнезиум но многу малку, околу 75мг во една капсула, а читав на интернет препорачана доза за трудници е 310-350мг дневно, па се мислам да си земам и плус магнезиум. Кој би ми го препорачале?
Девојки едно прашање имам што ме копка (за жал ми текна откако излегов од кај докторката денес). Денес бев на преглед и докторката ми рече да пијам само фолна киселина (6та недела сум), ништо друго да не пијам. Па да ве прашам, за што го даваат магнезиумот и останатите ствари? Знам золва ми пие три работи (магнезиум, фолна и уште нешто). Има некој искуство вакво? Од што зависи што ќе ми рече да пијам? Да мислам дека не ја бива, или дека е се во ред па нема потреба сега да пијам нешто?
До 12-13 недела само фолна се пие, значи ако не ти напоменала докторката, нема потреба ништо друго да пиеш.
midnight.flower мене матичната ми препиша магнезиум некаде во 5 месец. Јас прво земав шумливи таблети, ми беа гаднички па ги сменив со магнезиум директ, тоа е прашок. Некои ги пијат уште на почетокот на бременоста, други како мене нешто подоцна. Јас би ти рекла сепак да си почекаш докторот сам да ти каже кога да почнеш со магнезиум. Во меѓу време ако ти се јават грчеви (обично на нозете при протегање) кажи му на гинекологот. IveBrajan до 13 недела треба да пиеш само фолна киселина. Потоа витамини за трудници, па ќе ти каже гинекологот кога да почнеш со магнезиум и ако има потреба со препарати за железо. Се во свое време.
Штотуку дознав дека сум бремена и сеуште немам закажано прв преглед (затоа неможам да го прашам гинекологот), но започнав да пијам фолна. Сакам да ве прашам дали некој знае која е разликата меѓу фолната од 5мг и таа од 0,4? Дали претставува проблем ако се пие фолна од 5мг? Инаку порано ми препорачувале фолна заради анемија...но незнам дали е во ред сега да пијам толкава доза?