Поискусни, до кога се пие магнезиумот? Некаде прочитав дека се пие до 36 недела, таман ли е муабетот? Инаку ги пијам таблетките на Natural Wealth, има 100 таблети внатре, ги пијам 2 пати на ден, насабајле и навечер. Веќе наближувам кон 28 недела од бременоста и при крај ми се, сакам да ги сменам оти многу се, кои други би ми ги препорачале и по која цена идат?
Јас за сега немам проблеми со грчеви, но имам проблем (и тоа многу) со коските на карлицата и со завршетокот на р‘бетниот столб. Многу често имам голема болка, не можам ни да седам, ни да лежам, како да имам скршеница. А одвреме навреме (во од) ми се кочи ногата (најчесто левата, но не ретко и десната) нешто како дископатија. Му го реков ова на гинекологот, и го прашав да не ми треба калциум, тој ми рече дека може да земам магнезиум и калциум, иако тој не настојувал на суплементи во исхраната (освен витамините Прегназон комплит, што ми ги препиша), но не ми кажа во каква форма и во која количина. Барав на интернет и најдов дека препорачана дневна доза магнезиум за бремени жени е 310-360мг (така што Jeny, таблетките на Natural Wealth се по 250мг, па сметам дека 2 таблети на ден е многу, освен ако така ти препорачал лекарот). Поискусни од мене (што имаат родено) ми имаат кажано дека такви болки се јавуваат во поодмината бременост, кога телото се спрема за порагај, но јас сум тек во 13 недела, и тоа е малку чудно.
Така и јас знам дека магнезиум се пие до почеток на 9 месец, ма да јас ги прекинав порано. Можеш да пробаш магнезиум директ тоа е прашок сам се раствора во уста, инаку има 300мг магнезиум. Тие се 20 во пакување се пијат еднаш дневно и е околу 200 денари, може и поефтин да го најдеш во Зегин.
и јас имам грчеви, нејчесто во левата нога, мускулот долу кај листот, во спиење ако ја оптегнамн ногата и тогаш почува хорор 24 недела сум, ама го имам грчлот веќе со недели, не е редовен ама сепак, не ми се верува да е точно тоа за во поодмината бременост.. инаку до 6ти ги пијав огестан витамините со фолна, а сега ми ги препиша фемибион2, ама многу се скапи бре жени 990ден .. ал код се мора, мора се.. хехе
магнезиум,цинк,калциум на натурал велт-спас за грчевите.до крај ги пиев а и сега ги пијам бидејки дојам и почнацв болки во коските и зглобовите да осекам
Бидејќи многу повраќав на почетокот одма прекинав со витамиските апчиња и фолната киселина, на минатата контрола докторот ми кажа дека нема врска ако не ги поднесувам и онака си здрава нема потреба да се тровиш со дополнителни витамини, и не ми даде ништодруго ни магнезиум ни калциум...незнам дали да побарам на следната контрола...инаку немам болки никакви (17та недела сум) освен главоболка која ја решавам со малку кафе еднаш во денот....мислење? позз
Фолната обично до 12 недела ја даваат евентуално 16 та,ти сега си 17 та така да мислам джабе би почнала.Корисна е фолната особено за формираннје на нервниот систем на бебуш,не верувам дека мачнините ти биле од неа и мене ми се лошеше до 16 па после прекина само од себе.
Му го најдов лекот на грчевите во нозете. Кога ги тегнам нозете и олабавувам мускулите, најчесто во спиење тогаш ми фаќаше грч левата нога, ама некаде прочитав на интернет кога ја тегниш ногата, стапалото го враќаш накај тебе, значи ја тегниш ногата, ама прстите накај лицето ги виткаш, и навистина сега сум раат
и јас имам болки во завршетокот на рбетот ама не е рбетот туку тоа се нервови L-4 I L-5 се работи за ишијас.нели нашите тела во брменост се менуваат и ги потиснуваат овие нервови и кога ке се заморам,пример ке раб нешто наведната поцнува да ме боли,се до стапалото долу ама како што кажаа над мене со таа вежба се релаксира мускулот и болката поминува,јас живеам во италја и тука зборев со мојот гинеколог а и истражував по интернет и заклучив дека не е ништо сериозно,со масажи или вежби,поминува. инаку до 12 недела фолидексот се битни за развојот на бебето,а после си зависи од личноста,пример јас имам наслабено железо и еве врот месец земам витамини (16*) што ми ги препиша докторката и од денес и железо поцнав,оти се осекам мн малаксано и ме боли глава секој ден
Женички дали знаете која е разликата помеѓу Фемибион 1 и Фемибион 2 таблетите освен капсулата со масни киселини и нормално цената? Сакам да земам Фемибион 1 и Омега-3 масни киселини од 1000мг, да не е тоа малку голема доза масни киселини во бременост?
Ги земаш сама овие без препорака од гинеколог? Секоја бременост е различна па затоа пред да земеш нешто разговарај со гинекологот.
Мислев на составот, за употребата знам Нормално дека не, гинекологот ми ги препорача Фемибион 2 ама малку скапички ми се чинат, а Фемибион 1 се поефтини и затоа ве прашав за мислење да ги искомбинирам со Омега-3 масни киселини од 1000мг. А секако дека ќе се консултирам и со гинекологот.
Femibion 1 се за првите три месеци а фемибион 2 за од 4 месец па натака омега 3 е доволна онаа доза сто ја има во пакуванјето јас ги пијам да цинат 1000.00 денари навистина се скапи ама јас се има распрасано за нив најдобри се во моментов бидејки нема нус појави од нив мачнини повракање предобри се...
АБе мамички да ве прашам, коски, зглобови ве болат, ви се разместени ли? Пијате нешто за коските? Мене пред 3 недели на левата рака зглобот како откачен ми беше и ми крцкаше на секое прекршување на дланката(намерно проверував дали ќе крцка и секој пат крцкаше) А сега пред2/3 дена и десниот зглоб ми откачи незнам како да ви опишам, кога ќе ја свиткам дланката, коската над палецот, си крцка, кога правам лево десно со дланката во пределот на зглобот и ми крцка и дури да премини на десна страна подзастанува коската.. Му се има случено на некоја?? Кога бев кај матичната и кажав само имам мака со зглобовите од рацете и колкојте и ми рече само калциум дека ќе ми препиши. Не ме остави да и докажам дека маката ми е како со преметната жила.. Пто знам, можеби не и е прв случај, па можи знај за каква мака и реков.. Се извинувам за долгиов пост, ама немаше како на друг начин да ви објаснам каква ми е маката со зглобовите мој :/
Здраво до сите. Бебето93 јас имав страшни болки на табаните, но почнав да пијам магнезиум и тоа по препорака на други мамички што пиеле во бременоста. Има едни од Biolectra, шумливи таблети , 250 денари се по аптеки. Но вредат за секој денар . Пробај и калциум, верувам дека по 2-3 дена ќе осетиш подобрување....
Да да ги пијам тие шумливи, ама што знам, не ми крцка толку зглобот ама во спиење нели раката не ја мрдаме, и наутро кога ќе се разбудам и дланката зглобот како вкочанети да ми се и мала издржлива болка чувствувам .. морам да се помирам.. АА исто незнам дали сум единствена, ме болат колковите, како и да лежам ме болат, дали на лева или десна страна, нешто одвнатре ме боли, како карлицата да ми е здрвена како да ми е вколането местото таква некаква болка... на грб ако легнам после нема станување некое време, нема да можам да с епоместам заради кичмата.. абее макии хаха
Bebeto93 немој да се жалиш, ќе помине се уште малку. Болките во колковите се најнормални во текот на бременоста, колковите се шират и затоа имаме болки . Јас пак изгледа сум изрод, немав проблеми со колковите, но на грб нема шанси да лежам, особено не со испружени нозе, па се смеам последниве 6 месеци се изнаспав на страна за цел живот (никогаш немам спиено на страна). Добри се витамините, ги ублажуваат грчевите, но болката како болка ако ја имаш ќе ја имаш до крај.
И јас ги користам Фемибион 2 , скапи не скапи како ќе каже доктор така. но незнам дали забележавте нешто поретко ги има во аптекиве па мораме да се шетаме насекаде дури да најдеме . Има некој дефицит за нив , изгледа се испивме
За фолна насекаде низ нет кај и да читав пишуваше дека ффолна се пие до 3 месец но мене гинекологот ми рече да си ги пијам и сега па и дури и кога ке дојам(дај боже). Јас после 12 недела пијам два пати магнезиум,и кога станувам и пред да легнам.