Има ли некои шумливи таблети или гранули за расворање погодни за трудници? Јас сум скарана со голтање апчиња а треба да почнам да земам некои витамини дополлнително.
Јас земав фолна киселина од Алкалоид, Алкавит од 0,4, таа ми ја препорачаа во аптека.Ја пијам околу 6 навечер после ручек.Добра ли е, не пишува дали е активна.Сите витамини од типот фембион, премама и сл се доста гоеми апчињата и неможам да ги голтнам,а овие што ги земав се малечки.
Треба да купам фолна, веќе сум 15 недела, до сега пиев тифол, мислам дека е време да почнам освен фолна и магнезиум да пијам и дополнителни витамини. Уште на почетокот земав pregnacare plus omega , но јас никако не можам да ги поднесам и повраќам од нив. Тогаш докторот во ремедика ми рече дека нема потреба да нив уште сега да си купам повторно тифол и да ги пијам до 15 недела. Сега се мислам какви да купам освен pregnacare plus omega 3, дајте некоја препорака?
Јас од почеток пијам Прегназон и супер ми се досега немам мака од нив. Имам неколку познанички пијат премама ама ми кажуваа дека многу им се гадело од нив.
Јас пиев само фолна киселина од Алкалоид, пред два дена бев на контрола, 6+5 сум и докторот ми рече да пијам Пренатас до крај на прво тромесечие.Додека ја пиев фолната насабајле имав гадење, ама вчера се напив Пренатас и утрово поубаво се чуствувам и не ми се гади воопшто, можеби е случајнст, ке видиме.
Јас си пијам Премама, тие со омега плус што се. Кога доев со првото тие ги купив, коса сјајна мека, нокти некршливи, супер и се осеќав, сјаев цела тука се имаат пожалено од нив, а мене одлично ми пријаат. Е малку ме разјадоа од кога почнав да ги пијам, апетитот ми се зголеми...
Здраво Сега сум 25 недела и докторот ми имаше дадено едни витамини vital pregna но јас неможам да ги пијам затоа што се големи и се како капсули и го прашав дали може други да ми даде и ми рече да побарам во аптека сама некои што се како таблети и рече дека немора да содржат omega па сакам да ве прашам дали знаете такви мислам дали сте пиеле и ако знаете да ми кажете како се викаат и колку пари се ? Благодарам
Земи си фемибион 2 тие се најубави, јас од почеток ги пијам и немам мака, за цена не сум баш сигурна мислам дека се околу 900-1000 денари. И се со омега внатре. Или можеш Пре мама тие се околу 700 денари исто со омега, е сега некој имаат мака во желудникот од нив некој не, зависи до организмот. За други незнам да ти кажам или прашај во некоја аптека ќе ти предложат повеќе витамини.
Би сакала да знам што е разликата помеѓу Фемибион 2 и Pregnancy Care исто со омега 3? Во Зегин денес зедов ново паковање Фемибион 2 950 ден.и гледам на флаерот Прегнанси кеар 424 ден. Дупло и више поефтино, а и овие се со Омега 3.
Единствена разлика помеѓу фемибион и другите витамини е што тој содржи метилирана фолна, а другите не. Од друга страна повеќето други имаат железо, што го нема во фемибионот. Се е прашање на избор, освен ако некој навистина има потреба од метилирана фолна.
Мешиња да ве прашам. Деветти месец сум и премама пиев ама ми завршија. Искрено не ми се даваат 900 денари за нови, а дома имам прегназон и прегнакер, од претходната бременост ми останаа. Што мислите, да пијам од тие или воопшто да не пијам ништо?
Зошто да не ги испиеш, штета нема витамини само плус. На фемибионот пишува дека се пие и после бременост за време на доење.Нема потреба да даваш 900 ден за нови , кога веќе си имаш
Исто и јас мислам дека нема штета ако смениш. Сепак сите се витамини. Ако ти е во мисла прашај по аптеките можи ги делат на лента. Јас пијам Прегназон и еднаш во Еурофарм ми спомнаја дека можам да купам на лента немора цело паковање.
@Black girl и јас знам дека се пијат и за време на доење... сеедно е кои витамини ги пиеш, ако рокот им е добар испи си ги ќе си купиш после
Денес бев до апотека да земам нешто за на одмор и аптекарката ми понуди Prolife витамими биле добри при патување и за општо здравје. Зедов 3 само рефус 13 ден. едно е да ми се најдат, не бев сигурна дали се за во бременост добри иако аптекарката ме убедуваше дека се ОК. Дали сте ги употребувале вие? Ovie se: