Здраво мами, сум се здробила од спиење Сега офкам главоболка невидена. Мачнини нема веќе 4дена. Оххх вака е раат. Него, и јас не пијам некој посебни витамини.. Фолна само Да прашам уште нешто- Дали смеам да пијам шумливи таблети?
Значи и јас да си терам уште а? Јас пијам Премама Дуо и таму има Вит.Д но сигурно мала количина е тоа...А незнам дали треба и да испитам? @kukla21 имаш ти испитано вит.Д откако си бременка? Пак треба да му вртам на Петановски а тешко креваат кога не сме во процес
Не сум испитала, ама вит Д е добар за коските. Кажаа и на предавањата во систина (ама сум досадна со нив) и си терам. Тебе кој ти ја следи бременоста?
До 9та недела Петановски а сега месечно кај матичниот...следен петок ќе одам па ќе видам што ќе каже за ова.А иначе ако ако потенцирај ни за предавањата убаво си кажуваш ти и гала ти за секој споделен збор.Мора да одам и јас...мм вика зар и мажи идат на предавањата? А јас па викам да видов на слика и нормално ми се утепа од смеење
Јас си прашувам ама и во извештајот ми пишува кои витамини да ги пијам. За предавањата. и мм идеше со мене. Во ова сме заедно и убаво е и он да чуе што ќе кажат - дали да се паничи, што кажале за исхрана. Многу идеа во пар.
Мамички го користи некоја од вас овој магнезиум?? Јас го користев Магнетранс , ама во апеката за замена ги дале овие. Смееме да го користиме, така?
И јас користев Магнетранс, сега пред 2 дена бев да си купам пак и мене овој магнезиум ми го дадоа па прашав ми рекоа дека овој е најдобар за бременост
Јас ги купував и пред бременост. Добри се. Ама од киселиот вкус имав проблем со метален вкус во устата и ги баталив.
Здраво сакам да ве прашам што ви препорачуваа докторите освен фолна киселина првите месеци од бременоста, 6 недели сум бремена и пијам само фолна киселина и разновидна храна. Гинекологот ми препорачува да пијам апчиња за задржување на плодот поради високите температури, да не дојде до крварење или спонтан. Ве молам вашите искуства и совети
Јас ги купив од Зегин овие витамини за трудници 450 ден беа. Ги имаат истите витамими како Фемибиомот но дозата им е малце помала. Со Омега3 исто се. Од утре почнувам со нив, ми завршува Фемибионот. Па нареден пат ќе земам Фемибион.
Што толку многу? Па еве, јас освен железо плус вит. Ц, магнезиум и фолна, друго не пиев во двете бремености, иако се обидов, но прекинав, оти ми беше лошо. Озбилно, се' е бизнис...не дека вештачките витамини и минерали ќе помогнат екстра да се развие бебето, само чинат ѓавол и пол, а не вредат толку....