Пробај со ленено семе, измешај го со јогурт, житарки и слично, по можност да биде мелено. И да не е мелено, џвакај го. Би требало да помогне. Исто и кивито помага. Избегнувај лаксативи, не се препорачливи, бидејќи предизвикуваат уште поголем запек.
сакам да ве прашам за совет значи јас сум 9 недела и докторот фолната киселина ми кажа да не ја пијам повеке туку да почнам со витамини јас ги земав центарвит-пренатал и ме интересира ззошто на многу места прочитав дека рибиното масло тс витамин а не се препорачува во бременсота а овие апчиња имаат една таблета со сите витамини вклучувајќи и фолна и 30 таблети омега 3 а омега 3 е рибино масло ве молам за совет дали некој ги пиел овие апчиња?
bremena sum veke 20 nedela,do 3 mesec piev folna kiselina,polse po preporaka na ginekologot gi prekinav i pocnav so mamavit sekoj den i magnezium od 250 mg..................... [mod-kirilica:7i3wxokt][/mod-kirilica:7i3wxokt]
Труднички муабети епа после 20 недела може ке примаме калциум во поголеми количини, инаку таблетите што ги пијам јас се супер, и пожелно е сите да ги пијат, како за бебето така и за себе многу се добри и за одржување на имунитетот, нели во бременост не смееме да се разболиме оти не смееме да примаме никакви антибиотици. ако некој го интересира поконкретно ке ви препишам се што пишува дека содржат таблетиве. позз
Труднички муабети Јас пијам Прегназон кои исто така содржат препорачана дневна доза на 23 витамина. Е проблемот е што во последно време ги заборавам, па ми се случи едно 4 дена да не се напијам. Но, добро сметам дека внесум доволно витамини со исхраната, сега барем е лесно ,периодов има се за јадење.
Труднички муабети јас до петокот пиев пренатал, ама веке не пијам, гинекологот ми рече немора веке да ги пијам, затоа што сега пак докторката по општа медицина ми даде да пијам колострум за имунитет, се надевам дека во нив има се што треба
Труднички муабети и јас оваа недела влегувам во 4 месец, па за таблетите ке видиме што ке каже докторката четврток а инаку пијам многу јогурт, млеко не толку многу, ехех и внесувам други млечни производи
Труднички муабети За калциумот да ви кажам дека мора да се зема , а само внесување млечни производи е малку. Бебето зема од мајката голема количина на калциум во бременоста за коските , па препорачиво е да се земаат и некои таблетки. Јас уште од 6 недела кога и дознав дека сум трудна почнав да лижам калциум нели заедно со железо и фолна секој ден ги земав , еве поточно овие CARCIORAL D3 се до крајот на бременоста ги земав и дури ми рече гинекологот и од кога ке се породам сите овие работи да ги земам уште 2 месеца. И така и правев и фала богу немав проблеми со забите.
И јас сакав да прашам за овие центравит витамините,какво искуство имате,колку пари се и колку апчиња има во едно пакување?фала
Devojki smeam li da pijam sumlivi tableti magnezium vo prvite 3 meseci,oti uzasno me boli kicmata.Inaku zapocnav da pijam folna 3pati na den,i b complex?
Магнезиум не е за болки ,туку за да не дојде до предвремени контракции. За болки смее да се пие Далерон(Парацетамол) ,но зависи од што те боли ,може и само масажа да ти помогне.Без совет од гинеколог не земај ништо!!!
Фолна 3 пати на ден??? Грешка да не си, фолната еднаш дневно се пие, се консултира ли со гиенколог?[/quotе] А колку милиграми дневно треба да се внесе фолна? Јас пијам б-комплекс кој содрзи и фолна киселина,едно апце содржи 2оо не милиграми туку помалку таа мерна единица,не знам како се вика.
^^Дневно треба да се внесува најмногу 5мг(милиграми) фолна киселина. Ако пиеш б-комплекс со фолна к-на, а самата велиш дека содржи 200 микрограми фолна, слободно продолжи да пиеш трипати во денот. Инаку, Фолан, Тифол и слични препарати со чисто фолна киселина содржат многу повеќе, до 5мг и се пијат обично еднаш дневно.
Благодарам за одговорот...малце ме збунија претходните мислења,мислев да не се предозирам прочитав дека трудниците во раната бременост треба да внесувааат од 400 до 800 микрограми фолна киселина дневно,така да ќе продолжам да си пијам како што сио пиев.
Бремена сум 13 недела и до 12 недела пиев само фолна киселина, еднаш дневно, а од оваа недела гинекологот ништо не ми препиша само ме советуваше природно преку храна да внесувам витамини.Е сега мене ме интересира дали да си купам мамавит на своја рака затоа што знам дека ги содржат потребните витамини или да се придржувам до советот на докторот?
Немаш зијан ако купиш, освен во парите, а ќар нормално можеш да имаш. Да почитувам тоа преку храна, меѓутоа сеуште е многу рано и крвта сега нагло може да ослабне. Мој совет е или мамавит или прегназон. Јас пиев Прегназон, но го прекинав пред недела време. Од сега почнав со храна да си внесувам, има доволно а и сметам дека нема потреба повеќе од витамини како додаток.
Meu, благодарам за одговорот, не го прочитав твоето мислење па го поставив истото прашање во темата труднички муабети.И јас исто мислам дека нема да имам никаков проблем ако купам мамвит сепак се витамини нели, а од друга страна пак нормално ќе си внесувам витамини преку храна..Поздрав.
Витамините ви се потребни да не речам неопходни до крај на бременоста ,а во последното тромесечие најмногу зошто тогаш бебето најинтензивно расте и влече од вас. Покрај тоа ве чека и породување ,а и 40 дневно (условно речено) крварење. Витамини треба да пиете и по породувањето ,само што тогаш можат да бидат обични ,затоа што и цицањето исцрпува.
Немој Мамавит, купи некои други. Јас купив од нив, цела кутија испив и само ме дуеја. После и гинекологот ми рече дека не биле добри, имало и подобри од нив. Ама не ми кажа кои. Јас цела бременост си пиев Фероглобин капсули, а фолна само на почетокот. Фероглобин капсулите содржат железо, Б12, фолна, цинк, бакар, јод и селен.