Некоја да не пиела Феролин Ц ? Демек за подобрување на крвта. Ме интересира колку е ефикасен, а и колку кошта едно стапче? Добив три гратис но да знам дали да ги купувам или да си продолжам со сирупот Флорадикс.
Добри, подобри и најдобри....се е ова релативно. И кој колку сака да направи реклама за нешто да продаде Мене на почеток докторот ми остави одврзани раце било која фолна и било кој магнезиум што сакам да го пијам. Бидејќи јас веќе пиев фолна два месеци пред да останам бремена купена од Бугарија и имаше доста апчиња внатре, дури третиот месец се префрлив на Фемибион 1.
И јас на почетокот земав само фолна алкавит, крај на 2 месец се префрлив на фемибион и магнезиум директ, потоа ги сменив со пре мама, но организмот не ми ги поднесуваше и сега сум пак на фемибион и магнетранс од 375.
Девојки, пред два дена се израдував на позитивен тест, после два спонтани абортуси. Но, колку што се израдував, толку и се загрижив бидејќи сеуште ја немам набавено металираната фолна киселина, а колку што читам таа е од голема важност за развојот на плодот. Во постапка сум за да ми ја пратат од Америка, но додека ми стигне дали некоја од вас, што веќе ја имате набавено би сакале да ми продадете една доза? Ви благодарам од срце
Со среќа нека тие честитки. Мене ми кажаа минимум два месеци пред да почнам со обиди да ја пијам и плус аспирин ти аспирин пиеш ли? Не се ни потрудив да барам некој да ми ја донесе сами си отидовме до Софија и набавив сега случајно познати начекав и ми донесоа. Не ти врши работа ни една лента бидејки ќе пиеш по две на ден сигурно,се надевам некој има вишак и да ти даде. Ако не пиеш аспирин одма почни и магнезиум.
@monik55 Фала ти, очекувам да не израдуваш и ти за брзо со ваква вест. Аспирин пијам по едно на сабајле, на гладно, утрогестан (орално и вагинално навечер), витамин Ц од 500 мг и Фембион. Утре сум пак кај Др. Јани за да ми одреди доза за клексаните, за што ќе треба нови резултати од крвта. Засега е тоа, фолната од фембионот не е доволна и тоа ме плаши...