Фала ви девојки за одговорите. Фолната ми е порачана од Америка, а додека стигне, Др. Јани ми кажа дека може да пијам по две таблети од Фембионот. Ќе почнам и со клексани, а аспирин веќе пијам. Како резултат на тоа димерите ми се регулираа. Се надевам сѐ ќе биде во ред.
Има некоја искуство со сирупот флорадикс и некои капсули фортикс? Матичната ми ги препиша, но дали се ефикасни?
Скап а не толку ефикасен сируп. Воопшто не ми го подигна железото кога го пиев, а и многу мал процент на железо содржи, повеќе е како за дневни потреби на било кој човек, а не за третирање анемија. Од ампулите Тотхема имам најдобар ефект.
^Готово мажот ми веќе ми го зеде демек органски на природна база и не создавал гадења за разлика од другите кои имале хемиски состојки. А братучедка ми ми предложи тотхема да земам, а јас матична ќе слушам. Тие и така процент си земаат.
Јас пијам од 600 мл. без препорака на доктор, и кажав на докторката и ми рече ок е продолжи да пијаш, исто и за магнезиумот го почнав на своја рака.
каде може на државно да се испитаат витамини дали имаме доволно во организмот мг, витамин б, д ? и на приватно дали знае некој колку кошта?
Жени што витамини пиете? Јас сум почеток на второ тромесечие пијам магнезиун, Ц и фолна со јод. Искрено не пламирам да земам тие шо се премама, или како и да де викаат. Што мислите вие?