и јас да го кажам моето искуство, јас пијам колострум тие ги содржеле ми рекоа сите витамини а и биле на природна база, така да ке ги пијам цела бременост, а и пијам исто б-комплекс ... а исто една другарка која веке е во 9 месец цело време пиела гроздов мед, ми рече многу бил добар, па се мислам и јас да пробам
Девојки денес бев на гинеколог и ми препиша тифол по едно апце дневно и утрогестан да ставам насабајле и навечер.Да не го потсетев ќе заборавеше и нив да ми ги преписе. Смејам ли да земам на своја рака некој дополнителен витамин,магнезиум ,бедоксин и слично?
Annath, дај те молам некој совет како да ги пијам овие Фероглобин? Многу повраќам од нив. Дури и крв повраќам. Изгледа парче ми го прават желудникот, а треба да ги пијам пошто железото ми е на граница. И со јадење пробав и секако,ама неможам и точка. Поздрав
Претпоставувам дека си на почеток од бременоста, со оглед на тоа доволно ти е само фолна. А доколку имаш мачнини, фадење слободно можеш да земеш и б-комплекс за трудници, тие се обложени . Магнезиум исто можеш, но и немораш зошто обично го препишуваат во второто тромесечие, ако сакаш можеш и витамин Ц.
Silk, ниеден препарат со железо не се пие на гладно, освен Тотхема. Јас Фероглобинот ги пиев и ги пијам по една капсула дневно, секогаш после ручек (да нема млеко, млечни производи, кафе и слично). Освен што повраќав од нив во бременоста, немам проблеми, а многу брзо ми се поправа крвната слика. Ако не ти одговара Фероглобин, земи Хемовит (исти се по состав), или некој друг препарат. Јас скоро се имам пробано, и Тотхемата донекаде, а најмногу Фероглобинот ми помогнале. Друго ништо.
Мене Фероглобинот многу ми пречи на желудникот, иако го пиев после ручек. Тотхемата ја пиев со месеци на гладно од сабајле со малку сок од портокал и немав никакви проблеми со желудникот. Кај секого е различно, најдобро е да се пробаат неколку препарати па кој организмот ќе го прими најдобро со тој да се продолжи.
Јас уште немам купено фолна,сакав нели да си пијам пред да останам бремена.Е сега незнам дали да комбинирам со нешто железо,витамини или само фолна да пијам.И се јавив на гинекологот уште тогаш,она ми рече да си купам било кои од следниве-Фероглобин,Ферсан Форте,Фоливит Феро. Е сега Фероглобинот не би го поднесувала,сите се жалат дека смета на желудникот. Направив и крвна слика. Што би ми препорачале да земам дали само фолна или комбинација,вие пиевте ли нешто пред да останете бремени? гинекологот рече дека нема да смета и комбинација и дека не се некои високи дози,да земам само по една на ден
јас пред да останам бремена пиев само фолна киселина 0,4 мг по едно на ден, и тоа речиси 3-4 месеци, и еден краток период пиев омега +, ми беше паднат имунитетот и на 4 месец се фати бебушката
Јас би рекла секако фолна во таблети а остатокот да се внесува преку здрава и богата храна. Барем два пати неделно риба, суво и свежо овошје, многу салати и јаткасти плодови и најважно да уживаш во храната. Јади си и чоколади ако ти прават мерак, не се лишувај од ништо. Мојот гинеколог ми објасни дека вештачките витамини не се препорачуваат на почеток на бременост затоа што можат да го појачаат имунитетот толку многу што телото може плодот да го регистрира како страно тело и да го исфрли (не дај Боже). Мислам дека тоа не важи за препаратите со железо.
Здрво феминки! Сакам да ве замолам за совет! Моментално пијам само пренатал капсули (центрум) а се обидувам са забременам. Денес ми е 30 ден од циклусот секогаш добивам на 28 ден. Така да мислам дека конечно и кај нас ке има Е сега дали мислите дека овие капсули пренатал треба да продолжам да ги пијам или да си земам само фолна? бидејки читам оти многу витемини на се замаат особено во почеток на бременост. А за тест сакам да почекам барем уште 2 дена за да бидам сигурна. ве молам за одговор!!!!!
Витамините по мене не се штетни ако се пијат во препорачаните количини. И јас пред да забременам пиев еден куп, пиев цинк, вит.Е, вит.Ц, Б-комплекс, бета каротен... и кога дознав дека сум бремена појдов на гинеколог, и докторката ми даде фолна, Ц-витамин, и Б6. А некои девојки гледам дека од почеток пијат мултивитамини. Не се штетни,не се плаши, почекај па ќе видиш. По мене мислам дека е убаво да си земеш и фолна (но само доколку ја нема во овие витамини што ги пиеш - препорачливо е да се пие 400 или 500 микро грами). Колку жени пиеле и дијазепами и секаки лекови пред да дознаат дека се бремени, ти барем витамини пиеш. Најважното - ТИ ПОСАКУВАМ СРЕЌА, да си ги видиш двете цртички за некој ден, и да не известиш да славиме заедно. Поздрав
Фала ти многу SILK, И јас се надевам на тие две цртички ама сепак да почекам за да не биде разочарувањето поголемо. Иначе во овие капсули има калциум,вит. ц, вит. е, витамини б6,б1,б2,б12, витамин д, ниацин, цинк, железо, пантотенска киселина, бакар, фолна киселина, селен, биотин, и плус омега 3 капсули. Затоа незнам некако ми изгледаат многу а иначе пијам 2 капсули на ден од кои 1та е со минерали и витамини а другата со омага 3, така пиши во упатството!
здраво девојки, еве и јас почнувам да пијам витамини.Денес земав прегназон комплит и да се консултирам како се пијат- пишува 2 таблети на ден по главниот оброк. Тоа значи заедно двете или да ги распоредам 2 пати на ден по една?
иако за прегназон комлит пишува дека треба да се пијат по две, мене гинекологот ми кажа дека нема потреба да се пијат по две дневно, поради периодот во кој сме сега, има многу овошје и зеленчук, па да го искористиме максимално
кога бев бремена не земав ама баш никакви витамини,зашто гинекологот кај што одев рече дека нема потреба од ништо вештачко само многу овошје и зеленчук, родив здраво машко дете 3,7 кг и 52см долго ,затоа мој совет не претерувајте со витамините!
мене ми дадоа прегмазон ама некако од нив мислам повеќе ми се лошеше отидов да се пожалам на матичен и вели не е од нив таква ти е бременоста ако има потреба ќе ти ставаме инфузија, а јас штооо па јас не можам ни да погледнам игла,а и од инфузија не се живее јас не можев ништо да јадам и водата ја повраќав така да сега моментално не пијам ништо од витаминиве и ми е малку подобро можеби и затоа што сум на крајот од првото тромесечие се надевам пнатаму нема да имам вакви тешкотии како во првите 3 месеци
здраво на сите! ние со сопругот веќе неколку месеци работиме на темата бебе, а јас на нет читам дека требало уште пред да се остане бремена да се пијат некои витамини и фолна киселина. Е сега сакам да прашам нешто па кој знае нека ми одговори јас пред околу две недели си купив од аптека мултивитами на Kruger, кои содржат витамин Е, витамин Ц, провитамин А, селен и фолна киселина. Дали некој има искуство да ми каже дали се добри и дали да ги пијам или не????? фала
Jас сум 8 недела и пијам само прегназон по едно на ден...пред тоа пиев магнезиум директ,фолна и б6.сега само прегназон сметам дека е доволно се има во нив.така ми каза и гинекологот.само имам некои грчеви па се мислам дали да земам шумлици таблети магнезиум и шумливи калциум ради забите?
Белцвет, супер ти се витамините, и јас месецот пред да забременам (после 2,5 години обидување), се бомбардирав со витамини . Ги пиев овие што си ги напишала и плус Б-комплекс. А за маж ти ОБАВЕЗНО да земеш цинк, ептен поволно влијае на спермограмот, нека му ги забрза малце сперматозоидите . После здравје, кога ќе си забремениш ќе си го прашаш гинекологот што и како да пиеш. Форко, јас најтопло ти препорачувам да си пиеш Магнезиум скоро до крај на бременоста, сега да се спасиш од грчеви и болки, а после од малце поинтензивните контракции. Јас сум 26 недела и сеуште ги пијам и тоа по 3 на ден од 250 мг. Да не беше магнезиумот и Утрогестанот во 9 недела јас можеби ќе имав спонтан...Затоа те советувам да си пиеш, ништо не штетат само корист може да си имаш од нив. Поздравче