Не, препорачливо е да се пијат и после пораѓај особено за доилки, заради подобра лактација. Ретко кој пие, ама јас ќе си ги продолжам секако
До која недела да ги пијам фембрион 1, а кога да почнам фембрион 2? Во понеделник почнувам 14та недела, моментално сум 13+3.
Дали некој ги пие овие капсули? Мене докторката ми рече мора да ги пијам и да не ги прекинувам до крај..е сеа едвај ги најдов во Зегин,Еурофарм и Виола ги немаше ги најдов во една не многу позната аптека и последни им беа.. не се многу ефтини 750 денари..ќе треба секој месец да ги купувам, ако некој ги пие или ги има пиено нека ми каже од кај се купуваат од која аптека
Јас ги пиев ги наоѓав во Еурофарм во Рамстор. Ако ги немаат моментално нека ти проверат во која аптека ги има
ми провериа демек не ги продаваат веќе ми рекоа ама пак ќе си проверам фала ти да сварно се добри еве од 1 месец пиење крвта ми е топ,ми беше слаб хемоглобинот и ми помогнаа
Женски магнезиумот кој го пиев ми се потроши и мм ми донесе ваков. Да го пијам ли? Не пишува дали е погодно за трудници..
1900 мг една таблета за нас е многу,овој магнезиум татко ми го пиеше после оперативен зафат не веруван дека е за бремени. Јас пиев од 250мг три пати на ден и неми помагаше но сега мојот ваков ми донесе подобар бил,но мене пак магнезиум директ мие најдобар.
Дали има некоја што ги користела овие апчиња во бременоста? Јас пијам фемибион 1 ама гледам овие содржат многу повеќе од фемибионот. http://calimk.calivita4.me/product/new-life
Одличен е. Најмногу ефект имаше кај мене во бременоста. И сега го пијам повремено. Ова е моментално најдобра варијанта на магнезиум на пазарот, бидејќи во форма на цитрат најубаво се искористува во организмот. Слободно пиј, две таблети дневно можеш.
Кои мултивитсмини ги земате тие што пиете метилиранс фолна? Јас пијам неофолик мета 800мг а треба да земам мултивитамини но во аптека сите се со фолна..
Значи кажи согласно мојот доктор, а не како да е факт тоа. Мојот доктор не сметаше така. Јас пиев до крај.
Значи ич да не прашуваме доктори . Штом Др Трајковски и гинекологот на мечкичка рекол до 12-та недела да се пијат , тоа е тоа ! Добро што видов ! Ќе се залетав да послушам некој друг . Беља ќе сторев . А немам можност да ме води Др Трајковски