Јас од кардиолошки причини цел живот ќе ги пијам затоа прашав што да правам со витамините. Док ми вика барај без фолна ама такви нема
Секоја трудница не е иста и затоа треба да си го слуша својот доктор. Внимателно малку со давање совети, пренесете свое искуство, но тоа останува дека е ваше искуство, не значи дека сите доктори практикуваат исто за сите трудници. Исто така и трудниците нека се консултираат со својот доктор пред било што да преземат на своја рака. Убаво е да се разменат искуства, затоа сме тука, но докторот нека го има последниот збор.
Jas zasto prasuvam sekogas poveke Dr od taa pricina a normalno oti sekoja poprvo bi veruvala na svojot Dr nego na nas
Ти можеш и пет доктори да прашаш, но твојата ситуација да не биде иста со некоја друга. И затоа тебе ти рекол докторот така, а на друга ќе и рече поинаку, зашто за другата е подобро така. Секоја бременост е различна затоа и докторите даваат совети според состојбата на своите пациентки. И ако нас ни кажале нешто тројца доктори не можеме да тврдиме дека тоа ќе е добро за сите други трудници. Се надевам се разбравме.
И мене ми кажа мојата до 12 недела но јас читајки тука од кукла и од други девојчиња што ја пијат до крај и јас ќе ја пијам. Ќе ја комбинирам со фемибион,штета неможе да ми направи ако ја пијам цела бременост само ќе си бидам мирна со совеста. @kukla21 Ти фемибион пиеше?
Фолната ја врши својата работа до 12та недела, потоа е доволно да се внесува преку витамините. Зборувам за обична фолна. Инаку според последните истражувања, иако не се целосни и се потребни дополнителни истражувања на темата, зголемено ниво на фолна кај мајките после пораѓај е поврзано со зголемен ризик од аутизам кај детето. Значи пак зависи од организам до организам и најубаво е да се слуша докторот кој ве познава. Тие ве следат и знаат што е добро за вас, а и се што е претерано не чини. Слушајте доктор за мирна глава.
Во однос на фолната, особено е важна во рана бременост и пожелно е жена која е во план да забремени да ја консумира уште пред да забремени. А препораката до 12та недела е таква зошто после 12та недела се префрламе нели на труднички мултивитамини од типот на мамавит кои во состав ја имаат Б9 100% дневна доза. Прашањето колку да пиете фолна киселина за време на бременоста, одлучува гинекологот. Сега е утврдена дневна стапка за бремени, а тоа е 0.4 mg. Но, постојат случаи - и има многу од нив - кога дозата може да стане многу поголема. На пример, тоа се однесува на пациентки кои имаат развиено некои дефекти во нивниот развој. Исто така, оние кои веќе земаат други лекови, се препорачува да се зголеми дозата на 4-5 mg (со дневно внесување). Следно, лекот се назначува врз основа на резултатите од проучувањето како се формира бебето. Но, во исто време и научниците откриле, во случај на предозирање, Б9 не може да му наштети на ембрионот во неговиот развој .
А зошто не му веруваш на докторот? Нели ти ја знае историјата и би го зел тоа в предвид при дозирањето?
Секако ќе се конслутирам и со друг специјалист но на нејзе не и верувам бидејки не препорачува ни витамини после 12 недела не само на мене ни на ниедна нејзнина пациентка, некако во тој аспект немие сигурна.
Дефинитивно консултирај се со специјалист за дозата штом е таква ситуацијата. Не знаев дека има и вакви што не даваат витамини. Обично одма вадат тефтерчето со тие со кои соработуваат. Со лесно.
Метилирана фолна до крај се пие. За жал ретко од нашиве гинеколози се замараат со мутации и сл. Мојава матична немаше поима, а и од ремедика сакаа потврда од трансфузиолог. Јас само трансфузиологот го слушав .
Мене Др. Јани ми кажа до крај да ја пијам металираната фолна, иако во однос на останатите витамини се прашував како ќе ги внесувам истите...дали поединечно, или пак да земам од фемибионот. До сега внесувам сѐ поединечно. Матичниот еднаш ми напомна дека и во дозирањето со фолната требалп да се внимава, па затоа уште сум во дилема како да внесувам други витамини што во нив содржат и фолна киселина. Особено што и фемибионот содржи и обична фолна што на нас со мутации дури и штета ни прави. Од друга страна пак на матичниот му барам да ми препорача дополнителни витамини, тој ми вика доста ти се засега. Човек да не знае што да прави...Сепак се размислувам кога ќе ми се потрошат метил фолатот, да продолжам со по две таблети од фемибионот. Може и таква комбинација. Јас всушност така и ја стартував бременоста..
Не би требало да има проблем. Препорачана доза е таа 0,4. Повеќе се пие доколку одреди гинеколог при некои проблеми.
По две фемибион ако пиеш ќе ти дојде огин скапо 2000 ден само за фемибион месечно. Пубаво најди некој од бугарија да ти донесе поефикасно и поисплатливо.