Ако пиеш мултивитамини во кои има фолна, не ти треба плус фолна. Тие што пиеле фолна до крај, не пиеле мултивитамини. Како мене првата бременост, пиев само фолна, но мултивитамини не Втората бременост Пре МамаМам дуо пиев, плус фолна не, дека си има во Пре Мама доволна доза. Види на упатството баш, мислам 0.4мг е препорачана доза.
Јас да прашам, дневно е доволно 0.4мг фолна толку има во Премама тие ги пијам, е сега тие што ми ги даде за железо Сидерал фолико се викаат имаат исто така 0,4мг фолна, а за Премама не ми рече да ги прекинам. Е сега дневно ми идат 0,8мг фолна, не е многу???
Јави се и прашај. Може додека пиеш Сидерал ке ти ги прекине Премама... сум читала тука дека вишокот сам се исфрла и не е штетно, но сепак прашај си најдобро матичен.
На прегледот баш ко ми рече да ги земам Сидерал ме праша дали и какви др витамини пијам му кажав Премама и ништо не рече, затоа сега незнам што да правам, еве 3 дена двете ги пијам.
Девојки каков магнезиум пиете? Во првата пиев магнезиум директ, а сега тој вкус неможам да го поднесам.
Го пиев магнезиумот на алкалоид со б6 400мг, вкус грејпфрут ама и мене од него ми се лошеше, па сега го зедов од natural welth магнезиум 375г+ ц витамин + б витамин и ми е ок, не е толку благ како онај на алкалоид, туку има баш киселкаст лимон/портокал вкус.
Јас капсули од SINERGY 350 мислам имат Мг и Б6 пробав со директ со сите вкусови ама не оди од сите ми се гади и еве веќе месец дена пијам капсули.
Јас така ги пијам уште од првиот пат, насабајле, едно по друго. Сега една колешка која почнува 13недела ми вика не требало така, туку фолната насабајле, а омегата навечер. Во упатството не пишува ништо такво и затоа ве прашувам. Се исплашив да не не ги примам правилно па да му наштетам на бебето.
Нема врска, продолжи си така. Витамини се како и да ги пиеш нема правило, ни во кој дел од денот. Важно е да ги земаш.
Девојки, пиела ли некоја витамини пред забременување и кои? Чекам резултати од пап, кога го правев матичната ми спомна за витамини, ама рече прво да го види резултатот.
Прочитав дека имаат омега капсули, а тие не ги поднесувам. Предлог замена? Ако има, оти јас не сум запознаена баш