Здраво. Ги има некоја пиено шумливи таблетки магнезиум од BIOFAR со б6 плус? Некако се гадни незнам дали може за замена други да примам
Можеш да пиеш други шумливи или пак таблети обични или во прашок. Битно ти е магнезиум да примаш, не е битно која марка се шумливите. Ете, Магнезиум директ кесичките ти се исто со витамин Б.
Скоро цела бременот редовно си пијам Премама, со магензиум директ на Алкалоид, последниот месец плус Хеферол и Ацерола. Вчера вев кај Панчевски на прв преглед, ми вика многу таблети пиеш, прекини со сите освен хеферолот. И така
Дами да ве прашам правите ли пауза во земањето витамини? Пошто знам дека било кој лек ако се зема без прекин не е добро па се прашувам дали истото важи и за пренатални витамини. Јас пијам од почеток премама, ц витамин, тотхема и магнезиум па некако ми дојде мисла да не претерувам. Истовремено гледам секој ден да внесувам свежо овошје, јадам и месо и млеко и одбегнувам брза храна. Гледам сега Сања пишала дека докторот и рекол да ги прекине, мене пак матичната само ми препорачува некакви витамини.
јас првите 3 месеци пиев само фолна киселина наредните 6 месеци прегназон а последните 3 плус магнезиум. Никогаш не ми рече да ги прекинам
јас ги пијам фемибион калциум магнезиум д3 без прекин до сега веќе 34 недела. не ми спомнал никој за пауза
Женички, од каде наоѓате мултивитамини без јод, секаде препрашав нема... И Прегназон имале јод и Фемибион 2 немало кај нас без јод... 12+4 сум ослабена 5кг и се надевам ќе ми помогнат да залрепнам
Centravit prenatal мултивитамини без јод ги има во зегин мислам околу 750 денари,јас треба да пијам без јод и си ги пијам тие.Се најубаво
Ги зема мм во зегин во сити мол пред 2 недели,ваљда не им се потрошиле.Мила провери телефонски да не одиш за џабе.
Витал прегна или фемибион 1 се подобри? Јас испив едно пакетче витал прегна по препорака на ендокринолог,и сега кога ги споредив со фемибион воопшто немаат исти витамини.. плус ептен ми се гадеше од нив.
Јас пијам прегназон. Препорака од гинекологот. Не земајте на своја рака. Си знае лекарот кога што да препише. И мене ми е лошо и ми се гади од моиве,не ги пијам буквално секој ден. Но колку што можам да ги издржам толку ги конзумирам.
Ги пијам ПреМама Дуо и задоволна сум. Од скоро почнав плус Магнезиум директ од АмосВитал германски. И плус здрава храна внесувам колку што можам повеќе и мислам дека е во ред.