Исто се 750 денари во еурофарм ги купив.Ова е втора кутија што ја пијам и се исплати за два месеци има.Мене многу ми пријат
Селен никако,мене така ми кажа др зошто го користев пред бременост,а за цинк не знам. Мислам дека смее,ама нека каже некоја ако знае подобро.
Мене ми дадоа Тотхема ампули, два пати по една на ден, две недели па после ми рекоа да продолжам со една дневно. Ја пиев со цеден портокал и витамин Ц во исто време (по совет на лекарот), барем 10тина мин пред јадење ако можеш и повеќе за подобра ресорпција. Во меѓувреме си јадев 15 зрна аронија на гладно на сабајле, чоколадо со над 70% какао и правев некој рецепт од тие бабините за качување на железо За две-три недели од 7 ми дошло на 37. Сега сум на пауза од сите препарати па ќе видиме за недела-две кој ќе биде реалниот резултат.
Во прегназонот има и селен и цинк.Да не смее ваљда не би ставале Инаку 944 денари се 60 таблети вчера си купив
Здраво девојки, сите кои сте бремени ви посакувам се најубаво а оние кои не се им посакувам што побрзо забременување. Сакав да ве прашам дали некоја од вас има користено Prenatal +DHA? Јас веќе сум 13та недела од бременоста и до вчера ги земав витамините Премама, но сега кога бев во аптека за да си купам, аптекарот ми предложи да ги пијам Prenatal бидејќи биле нови и со подобар состав и на природна база. Па така го послушав и ги зедов но сепак не можам да најдам мислење дали некој има искуство со тие витамини.?
вчера си зедов ново пакување прегназон. Обично читам упатство и состав но првиот пат не прочитав. Земам сега декларација и си викам леле мајко што пиеме. Зарем она на трудници се препорачува? Еден куп адитиви некои емулгатори ко прочитав дека содржат и гума за сврзување... ќе листам низ темава кои витамински апчиња ги има за трудници и да најдам замена со сличен состав.
Абе земи си Фемибион, докажано најквалитетни. Не се залетувајте по евтини, ете што добивате за таа цена. Ќе си платиш малце поскапо ама знаеш дека саглам пиеш..мое мислење..
Некој да има проблеми со пиење магнезиум? Кога и да се напијам имам грчеви, ако не го пијам немам. Дури чудно ми е. Пробав со повеќе видови магнезиум бидејќи докторката ми рече дека е од другите витамини што се во него, ама и од чист магнезиум ми е исто. Јас не би го пиела ама ми рече докторката дека ги намалува грчевите во матката и со тоа бебето се храни подобро. А со оглед на тоа што ми се појави лакуна во 26 недела стварно сум во дилема. Пиете ли вие магнезиум, има ли некоја што не го пие?