Девојки, се обидуваме извесно време за бебуш- бев и на гинеколог и се тоа. Ме интересира, онака чисто да знам, пред да останите бремени (при планирана бременост) кои витамини и минерали ги земавте? Знам нешто за фолна киселина, но би сакала повеќе искуства да слушнам оти сето ова и е ново. Фала
јас само фолна киселина пиев на своја рака. Околу 2-3 недели и при првиот обид се фатило. Не знам дали е до витамините или до генетиката или па дл здравствената состојба
0.4мг така и побарав,фолна киселина од 0.4мг не ми текнува како се викаше мислам фолан ама не сум сигурна
јас пиев фолна киселина 5 месеци пред да почнеме да се обидуваме, па забременив после некое време. Не мислам дека има голема улога фолната, барем не во поглед на забременување. секако е добро да се пие пред да се забремени, ако е планирана бременоста.
јас пијам фембион1, тоа се пренатални витамини во кои има фолна и уште неколку витамини и минерали. Пијам коензим Q10, селен, цинк, витамин д3 и омега 3. Ако се храниш здраво и ако јадеш свежа храна во голем дел веќе ги внесуваш тие витамини. Ако не сакаш да пиеш повеќе,земи си некои поквалитетни мултивитамини што ги содржат барем Б витамините,Ц и Е. А фолна пиј си. Јас веќе една година пијам фолна.
Јас почнав да пијам фембион 1 по препорака на гиниколог. Инаку го пијам дополнително и магнезиумот со б комплекс од алкалоид заради тоа што сум физички активна. Претходно пиев и цинк ама сега го прекинав зашто многу таблети ми се.
Девојки бремена сум 18 недела.До сега пиев таблети Имприл,но многу ми се скапи 30 таблети се 3000 ден. Сакам да ги заменам со други кој би ми ги препорачале?Инаку сум бремена со Ифв и затоа докторот ми ги даваше Имприлот.
Ако ги пиеш поради метилфолатот, единствена замена ти се Фемибион 2, кои ќе треба по 2 таблети наеднаш да ги земаш. И за еден месец како што ти пиша @Sofi.ja чинат 2900 и нешто. Скоро исто. И јас истите ги користам, нема поефтина варијанта.
Aко треба да пиеш метил фолат, тогаш поевтина варијанта ти е да си нарачаш од Бигарија метил фолат, евтина е многу, Неофолик мета се вика, ги има во Ќустендил, ама прашај си го докторот по колку треба да пиеш, обично 2х1 од 400 мг се пие, некои пијат и по 1000 мг дневно, зависи од препораката на докторот. И, плус ќе треба да си земеш метилиран б12, исто го има во Бугарија, не е скап, околу 10-12 евра 100 таблети мислам дека се, а Неофолик мета содржи 90 таблети, а е околу 5 евра. Имприлот ги содржи и двете, и плус б витамини, кои може да се примаат и со плус некој пренатален препарат, како на пример, Премама, кој што чини 790 ден. во Еурофарм, така што во секој случај ќе добиеш поевтина варијанта. Но, пред се’ консултирај се со твојот доктор дали може да промениш. Кој д-р ти ја води бременоста?
Фала ти многу.Ми ја водеше Лазаревски но сега веке не.Тој е повеке за ин витро и бременост води до 4 месец.На последната контрола ми рече да продолжам до Имприл но не ми кажа до кога.Веќе 5 ти месец ги пијам.Сега ми се при крај и затоа прашувам какви да земам.
Во право си, моја грешка. Само мене ми иди по 1800 месечно бидејќи по 2 пијам од розевите и по 1 омега. Од омега таблетите ми остануваат неискористени.