Имам закажено скрининг во 21 недела во Систина кај Гордана Петровска и потоа можам и овде во Струмица да продолжам со контрола,бидејќи не сум од Скопје.
Девојки, претпоставувам дека повеќето тука пиете Премама и Фемибион со Омега 3. Дали може некоја членка од искуство да направи паралела помеѓу ампулите Омега од Премама и од Фемибион, кои се подобри? Кои се полесни и помалку се ждрига?
Со првата бременост пиев фемибион 1 првото тромесечие. Сега не ми даде ништо матичната и ја прашувам дали да земам и она вика нема потреба терај само со фолна, џабе ќе даваш пари, фемибион 1 се исто фолна со плус некој витамин. После во второ тромесечие ќе ми дадела витамини. И сега што да правам...
Јас си зедов Фемибион 1, еве трет ден веќе пијам а не сум бремена (сеуште се обидуваме). Ги прочитав вашиве мислења и на своја рака си ги зедов овие витамини, се надевам дека нема нешто лошо да ми влијаат.
Првиот месец бев на Фемибион, потоа Премама и ми беа полесни, барем мене. Во суштина се исти, одев у државна и на приватна така да едниот ми даваше едни другиот други и ми рекоа дека се исти Со лесно нека ти е!
За тие што пијат Пре Мама во Зегин со едно купено кутивче следуваат 10 витамини и Омега 3 гратис. Како подарок во склоп на кутијата.