Не знаев, ама во Зегин се поскапи, 690 ден. е во Еурофарм, а во Зегин мислам дека беше 840 ден. Сепак, добро што сподели, да знаеме.
Не јас еве купувам неколку месеци 686 денеска ги платив, од прилика толку и до сега 660 670 секогаш во зегин
Можеби во сите продавници на Зегин не е иста цената или пак, ја намалиле цената. Баш ми е чудно. Јас ги платив 840 ден. во Зегин, во Сити мол.
Мешиња ве читам дека пиете и омега во бременоста.. зошто и од кога се почнува со тоа? Јас пијам фемибион 1 и да ги завршам продолжувам со фемибион 2 и магнезиум.. тоа е тоа..
Најдобро е да е наменет специјално за трудници, иако ќе ти кажат дека може било кој пробиотик. За трудници има пробиотик во Провен, витаминско-минерален препарат, а посебно пробиотик знам дека Нормиа е за трудници, провери и Пролајф, мислам дека е, но не сум сигурна.
Така кажуваат и логично е да не е штетно, сепак пробиотските култури се корисни општо за организмот, ама на некои прибиотици пишува дека не се тестирани на трудници, па зошто да ти е мисла, за мирна глава, најдобро земи си специјален за трудници.
женски каков магнезиум земате? Јас земам магнезиум директ по едно на ден од оние со вкус на портокал, добри се тие или треба послаби?
Прашочињата се малтене сите исти, од кој и да земеш од 375 до 400 мг се, консултирај се со докторот по колку мг треба да пиеш дневно, да не треба повеќе од тоа. Некои трудници пијат и по 700-800 мг на ден, зависи од препораката на докторот.
Дали сте забележале мачнини и повраќање по употреба на витамините? Вчера веднаш откако ги испив повратив и се мислам дали да се вратам само на фолна.. Докторката не ми враќа на пораки и нервозна сум многу
Со претходната бременост така ми се случуваше, ама продолжив да ги пијам, по една-две недели помина, немав повеќе мачнини од нив.
Сигурно е од горештиниве, не се паничи девојче, ќе се среди, пробај да не ги пиеш сите наеднаш, распореди ги на неколку пати во текот на денот, зависно кои витамини ги пиеш.
Пијам Центравит со омега и многу ми се лоши од нив. Има две капсули во нив, една витаминска и една омега. Не знам како да ги распоредам за да не ги повратам