Da da,po 750 mg pijam, ama jas Imav krvarenja I grčevi do 4 mesec,I za da ne go izgubam bebeto mi ja prepisaa ovaa doza. A Sega od pusti strav uste po tolku pijam. Neznam od koja nedela treba da se prekinat, za da mozeme da gi osetime kontrakciite za poroduvanje,neli
Обично се препорачува со магнезиум да се прекине штом се влезе во 9 месец, односно со полни 36 недели. Доколку сакаш дозата можеш да ја намалиш на 500, па на 250, па по потреба да пиеш. Јас на пример, пиев кога ќе осетев грчеви и болки, инаку не. Ама не би ти препорачувала јас ништо, сепак твојот гинеколог знае најдобро
Да ти кажам најискрено мојот гинеколог ништо не знае Сама на себе сум си доктор, и пијам во принцип по потреба, во последниов месец почнав да пијам по 500мг, а по потреба како што викаш некогаш и по 750мг. Но, мислам дека добар ти е советот, така и ќе направам, постепено ќе намалам на 500 па на 250 за да можам за месец ипо да ги прекинам скроз. Фала ти Анат на мислењето и советот. Поздрав
Јас од витамини од почеток си пијам фолна ксиелина, а веке од пред еден месец почнав да пијам железо и калциум. Магнезиум не сум пила до сега и не ми ни препорачал докторот, па не сум ни прашала зошто.
Јас од 12 недела па еве до сега 28 недела, пијам секој ден магнезиум 2 пати по 250 мг после јадење. Не знам точно која му е функцијата, ама знам дека докторката 2 пати ми напомена обавезно да го пијам и да не го прескокнувам. Освен магнезиумот пијам по еден прегназон омега на ден, тоа ми го препорачаа во замена наместо фолната киселина која ја пиев до 20 недела, таму ги имам сите витамини во мали количини вклучувајќи и фолна, и обавезно секој ден пијам и една ампула тотхема за железото на гладно за подобра апсорпција, бидејќи цело време сум на граница на анемија и покрај тоа што пијам секојдневно пола литар свежо цеден сок од цвекло,морков и лимон.
Девојки сакам да ве прашам во врска со витамините незнам кој да ги земам а докторот ми рече кој сакаш само да се витамини (магнезиум немало потреба само од витаминиве да си земам ) е сега барав прегнанткеар само таблетите ги нема никаде а цели ми се бајги скапи па се двоумам помеѓу мамавит и прегназон или некој други кој биле ај кажете кој и какви се дали се убави ?
Мене ми препорача гинекологот Витамин Е, Омега 3, Б комплекс, фолна киселина. Си ги пиев редовно, ама се разболев. Вирус на плуќа.
Ануле88, Прегназон може да си земеш,јас ги пиев и супер се, може и со Омега3 да си ги земеш. Мамавит викаат дека биле најслаби од сите. Јас сега земав Прегнаткеар Плус, има 28 таблети мултивитамини, и 28 Омега3. Коштаат 850 ден. и мене ми се многу скапи, ама да ти кажам решив да ги пијам преку еден ден, еден ден пијам омега, еден ден од мултивитамините и така 2 месеци ќе ми траат
јас пиев пренатал и не се мн скапи се околу 400 ден, а мислам дека имат 100 внатре, мене докторката ми ги препорача
Јас почнав да пијам и ОлигоЈак+Се, слушнав дека биле добри за во рана бременост... И планирам да почнам со железо, и тоа шумлив Ферум...ама морам да се консултирам првин...Ваше мислење?
јас ете во цела бременост немам пиено ништо за железо, мислам ако има потреба, ако тие слабо железото да пиеш, ако не воопшто не почнувај
Јас ти препорачувам за почеток да пиеш само фолна ништо друго, и така секој месец ќе правиш крвна слика па по неа ќе се види дали треба да се додаде нешто плус, ако крвната слика ти е добра нема потреба од внесување на дополнтителни витамини,вештачки мислам, колку се добри до некој степен и не ваљат,да ти кажам право, а најдобро природни да си земаш, овошје секојдневно и зеленчук, салати, тоа е најдобро и најквалитетно. Јас ете фолна пиев уште пред да забременам, со месеци си пиев редовно и кога останав бремена продолжив,нормално и уште пијам, гинекологот ми рече до крај да ја пијам,додека се породам, секој месец кога правев крвна слика немаше потреба од дополнителни витамини и затоа ништо не ми препишуваше, а сега од последната крвна слика кога ја правев маалку ми беше намален хемоглобинот па ми препиша железо и калциум да пијам , значи од 7 месец иначе нема потреба од ништо друго, освен да се хранам здраво. П.С. Читам за витаминте кои ги пиете дека се скапи, баш штета, кај нас тука во Гр.се бесплатни сите лекови и витамини за трудници, само треба да ти ги препише гинеколог и си ги земаш од аптека без да платиш денар тоа е бар позитивна страна тука и мислам дека и така треба да биде, ама ете, секаде не е исто
kalais супер за вас тука ете сите витамини почнуват од 400 па нагоре до 1000 море и до 1100 едни што прашав мора да ги пиеме и мене хемоглобинот ми беше многу добар па ми рече докторот да ги пијам
Знам срце, па Македонија е држава шо мислеш ти, народот има пари ама ајде нека е за убаво само и за здравје да се даваат пари само, другото како е така е, шо да правиме. Тука ти велам дури и фолна ми препишува докторот и ја земам без пари, а инаку без рецепт е 5,5 евра, скапи се лековите и тука, железото гледам пишува на кутијата е 8 евра, а калциумот 6,5 евра, па кога би требало да ги плаќам и јас би било некаде околу 50 евра се вкупно, оти железото се 6 кутии по 10 има внатре, 2 дневно се пие, и тоа ти е. Поздравче
ле ле страв да те фати од цениве ама арно велиш само за здравје да ги пиеме се друго ке си дојди на ред и бебушките да ни се арни тоа е најбитно поздравче
е тоа ти е скапи се, а речиси ни едни витамини не одат на рецепт, јас пијам едни за имунитет едно апче е 10 денари а треба по 3 на ден, па мажево ме зафркава голташ ми вика по една десетденарка
На последниот преглед ми ги препорачаа Прегнаткеар Плус со омега 3 ги земав 900 ден,ама според мојот генеколог најдобри се од сите,а и се за најдоброто на моето бепче
Труднички муабети Аууу ломбарди па и ти виски сега , какво пиење сеоја вечер?? Па тоа е ептен штетно Јас така еднаш во недлата или во 2 недели си пивнувам црвено винце или чаша пивце, да не ми е кусо и тоа, понекогаш ме фаќа многу стрв да си пивнам нешто жестоко ама и тоа добро. Иначе сакам да прашам нешто друго, кои витамини ги пиете вие сега и до крајот на бременоста, мислам од тие Мамавит, Прегназон или прегнакер не знам точно како се викаат и ако може да ми кажете кои цени се и колку има во едно паковање.
Труднички муабети @Kalias Мамавит се околу 550/600 ден од прилика (незнам точно оти мама ми ги купува ) ама знам дека се поефтини од останатите... Има 30 во пакување, што значи за еден месец си покриена и мене многу ми одговараат. Пијам и Магнезиум Директ, тоа е околу 170 ден, 20 кесички, се растопуваат директно во уста, а ако случајно немам пијам магнезиум шумливи таблети но ретко (обично кога ќе ми заврши пакувањето па додека да купам) Инаку, фала му на Господ го завршив првиот триместар и сега ми е веќе полесно, нели најкритичниот период заврши. Во тој период само еднаш имав пиено алкохол, и тоа фино пред да знам дека сум трудна (бела ноќ беше, журки -едно друго) После кога дознав дека сум била трудна избезумив, запнав да правам аминоцинтеза, па докторот ме увери дека нема потреба, ми рече `од еднаш пе*ер не се станува` и да гледам да не ми се повтори. Засега е се фала му на Бога во најдобар ред со бебчето, дури е и понапредно за два дена =) Е сега срам ми е да пишам, бидејќи знам многу од вас кои би ме осудиле, но јас цигарите не успеав да ги оставам Ги сменив, намалив...но никако да ги оставам, и се чувствувам грозно поради тоа, дури мислам дека морам да побарам стручна помош што побргу (само незнам од кого, бидејќи матичниот мој е пушач, а и гинекологот исто така) И пак се мислам како да ја поминам Новата Година без да наздравам, Спојлер а така ми се праи кејф на сечен коњак на моменти и незнам дали би било премногу ако си го допуштам тоа да се напијам умерено еднаш на три месеци?!?! *Бидејќи ептен ми дојде монашки животов одеднаш Се шегувам, не дека се жалам, би направила се` за да родам и одгледам здраво и среќно дете, но чисто за да разменам информации...