Мене докторот ми рече да земам само метилирана фолна од 1000 мг друго ништо, вика ти си само за м.фолна цела бременост, ама мене ме фаќа страв само фолна да пијам, да не му фали некој витамин на бебето
Фолната е најважна во првите 3 месеци. Во понапредна бременост најчесто паѓа и железото па може да пиеш и железо, а се препорачува магнезиум и омега.
Стварно незнам шо да правам, он вика цела бременост да пијам само М. фолна од 1000 мцг. мене тоа ме буни. Што мислите за овој состав на витамини?
Искрено, секогаш сум за тоа дека треба да се слуша доктор што препорачува, иако сите кои ги знам пиеле некои од мултивитамините за трудници, па малку чудно ми е што ти рекол само фолна. Инаку сите мултивитамини се со сличен состав.
Векичка,сега за сега слушај го,ама не се согласувам целосно.Од каде знае тој како ке се одвива понатака се,кај 80% од трудниците паѓа железото во поодминат стадиум на бременоста,во зимските месеци можеби ке има и потреба од вит Д ради недостаток на сонце. Овде кај мене не препорачуваат сами од себе суплементација освен фолна,ако ручекот секој ден се состои од 1/3 протеин,1/3 Ј.Х,и 1/3 мешна салата,плус два три вида овошки на ден.Реално,ретко и тешко која успева да ги “покрие” дневните потреби,па сметам дека нема штета од витамини.Јас пијам Фемибион 2.
@dunika јас ги нарачав од каливита погоре сликата шо ја ставив, мајками ги пиела, тетками, вујнами исто кога биле бремени,мама вика многу биле убави, па тие ги одбрав 120 таблети се околу 1000 денари, се надевам не згрешив , фолната ќе ја пијам ама ќе го преполовувам апчето, за да ми испадне таман со витамините.
Бев кај матичната денеска ми рече овие витамини да ги земам, добри ли се ? Ги пие ли некоја? 800 мцг има фолна пишува активна и само фолна по 400, тоа активна фолна е метилирина така?
Женички дали од Femibionot сте осетиле некоја подуваност во стомакот ,сега сум на Femibion 1 уште 3 дена после идам на Femibion2? Фала ви
Јас немам такво нешто. Подуена сум од бременоста Кога се мења од 1 на 2? Во вторник сум на прв скрининг до тогаш да терам со 1?
https://24apteka.mk/product/femibion-2-za-bremeni/ Колку што знам, од 4-ти месец се пие двојката. Уште си во прво промесечие во 13-та недела.
Докторот ми рече за да не купуваш од 1 за уште 4 дена -5,можеш да почнеш и порано.Сепак на паковањето пишува од 13 недела.
Кога почнав да ги пијам (а тоа беше уште пред да забременам) имав проблеми со стомакот (киселини, надуеност...) и јас мислам дека беше од Фемибионот, ама набрзо престанаа... Кога сме кај Фемибион 2, се шокирав колку е скап а треба да се пие и после породување