Да на трансфузиологија, од 3ти месец отидов на трансфузиолог, првата др.Елена (не памтам презиме) не ми провери и не ми даде терапија, но наредната др.Виолета Дејанова алал да и е, се ми испита и ми пиша терапија, од тогаш само кај неа одам сега сум 6ти месец
Дали некој земал по 2 хеферол на ден?Дали е штетно?Досега земав по 1,ама ми падна железото овај месец.Дали да земам 2?Др ми вика мн било
Една капсула се зема за превенција, а кога веќе ти е ниско железото не се многу 2 капсули, таа е всушност терапевтската доза: 1 капсула 2 пати на ден.
Мене така ми е ударната терапија, два пати на ден по една капсула 3-4 месеци во континуитет. После уште 2-3 месеци по една дневно. Ама ова во нормална состојба, за бременост не знам. Ако ти се многу ниски вредностите на серумско железо, можеби е и подобро да пиеш по две на ден за да си направиш резерви.
Сега немам проверено, ама последниот пат кога требаше да пијам ми беше 2. А кога првпат ми дадоа ваква терапија, ми беше 0.5. Јас имам хронична анемија, еднаш годишно морам со Хеферол да ја подобрувам крвната слика, 6 месеци пијам.
Има ли некој проверувано витамин Д во Авицена? До сега проверував во државна болница и таму мислам само Д3 проверуваат. Ова не ми е јасно. Некоја средна вредност на Д2 и Д3. Не знам дали повторно да испитам само Д3 во друга лабараторија. Според ова вредноста на резултатот е многу низок, а пред два ипол месеци ми беше на горна граница. Кој витамин Д го пиете во бременост ? Ве молам некој совет.
Дали има некоја што пие по две кесички магнезиум директ од алкалоид? На матичната и кажав за трнењето во раце и рече вратот да пазам во која положба ми е кога спијам. Не ми ја покачи дозата на магнезиум. Има смисла тоа бидејќи трнењето не се случува секоја вечер. Ама вчера имав и јак грч во ногата додека спиев и се мислам дека навистина ми фали магнезиум. Пијам една директ на ден, незз дали може по две....
Девојки како се справувате со настинките.Јас секој ден јадам салати овошје пијам Фемибион 2 и еве од вчера почнав да кивам и помалку да ми тече носот.Дали некој од вас имал или има настинка и како се справува.
Meне ми препиша Премама дуо. Ми рече да ги пијам една таблета после ручек а омегата после вечера? КАко ги пиете вие? Вака или двете наеднаш. Прашувам, прочитав наназад дека некои членки ги пијат 2те таблети заедно, еднаш во денот.
Девојки, пијам по 2 пакетче на ден Магнезиум Директ но имам проблем што после тоа ми се лоши. Сменив вкус но пак исто. Што пиете вие?... Инаку земам и Прегназон Комплит.
Јас повраќав од магнезиумот од кесички и ме спаси само Магнезиум на Ливсане шумливи таблети од 500мг ги имаш во сите Бети аптеки со сигурност, може и во другите да ги има ама знам дека овие сигурно имаат околу 200 ден се имаат 20 шумливи таблети