Уф, 11 та сум,а денес го испив последното од фемибион 1 и сега ако купам ќе ми остане после ,а не се малку пари,Али што се мора,мора се
Ќе си купиш 2ка чим ги завршиш 1цата. Мислам дека неколку дена не би требало да се проблем, мада доктор најубаво ќе ти каже
Купи си 1 и допиј ги. Нема ништо лошо или страшно ако ги допиеш, па продолжиш со 2ката. А зошто мора да се капки? Имаш ВитД во таблети и за возрасни сметам дека е посодветно. Кај нас лекарите се застанати на Пливит Д и Вигантол и никако да мрднат напред. Имаш Детрикал од 1000, 2000. На Протего исто така. На Синерџи. Консултирај се со лекар која доза да ја земаш и продолжи со таблети.
Идеата ми беше да ги користиме заедно со детето и да бидат безбедни за бремени. Фактички имам проблем за него да најдам соодветни, дека му горчеа Пливит Д3. Во секој случај благодарам
Случајно ги начекав овие можеби ќе ти помогнат јас до сега од Метилираната фолна и б12 на Нау сум задоволна сигурно и ова е добро
Јас сама почнав, земав Прегназон на Health Aid, тие и во првата бременост ги пиев. И спомнав на последната контрола, ми рече на време сум почнала, иако најбитна е фолната Јас сум 8+3 = тоа го рачунаме 9та недела така? Значи сум влегла во трети или не? Се сум заборавила
Здраво мајки. Утре влегувам во 12 недела. До вчера пиев фемибион 1, но бидејќи веќе снемав, а во зегин на попуст се pregnacare 750 мкд, ги земав тие. Дали некоја пиела од од едните и од другите да сподели искуство што му има кажано лекар. Знам дека во фемибионот има активна фолна или метилирана како и да се вика, но во другиве не сум сигурна. Совет некој како да постапам, бидејќи матичната неможе да ме прими оваа недела, прв скрининг тек во 13та ќе ми биде. Благодарам. Се најдобро ❤️
Дали, во првите 3 месеци од бременоста земавте витамини што содржат фолна киселина, или витамини и плус фолна посебно?
9 та недела си, трети месец. 9+1 па натака си 10та недела итн. Односно си била тогаш кога си пишала, сега гледам од кога е
Во првата бременост и јас ја направив истата комбинација, до 12та недела некаде пиев Фемибион 1, и после натака продолжив со Pregnacare. Мислам дека сите овие витамински таблети за бремени се во суштина скоро исти, само е прашање на различни производители. Еве и јас конкретно ја употребував истата комбинација како и ти, така ми препорача докторката тогаш, мислам дека не ми правеа мачнини и се чувствував добро, плодот се развиваше нормално...задоволна бев и од двете марки.
Da jas zemav oti imam genetski mutacii I metilfolat I femibion Ne se isti vo pregnacare nema metilfolat a vo femibion ima
Тоа и читав вчера, и најверојатно матичната ќе ми каже да продолжам со фемибион 2ка. И сега... Ништо ќе и кажам што сум направила. Следен месец па до крај на бременост ќе идам со фемибион. На крај краева имам уште 5 месеци до крај... Благодарам. Ќе се посветувам со матичната. Пишав погоре коментар зошто. Споредував вчера, прегна се подобри за сите витамини освен што нема метилирана фолна. Ти благодарам уште еднаш за споделеното искуство. ❤️
Pregna imaat li Omega tri ako nemaat ic ne gi zemajte omegata e najbitna za razvojot na mozokot na bebeto Ne ako nemaat omega ic ne gi zemaj
Каква фолна киселина земате, и од колку мг? Јас на своја глава земав од аптека на Алкалоид , Алкавит од 0.4мг. Докторката ми кажа дека нема потреба од фолна бидејќи во Фембион 1 содржало доволно фолна киселина, но во првата бременост земав дополнително фолна, а и други трудници ми кажуваат дека земаат витамински плус фолна...
И фемибион и прегна имаат омега, што е нормално за сите пренатални витамини. Прегна имаат нешто поголема концентрација. Како и да е не штети, а не е ни лошо кое и да се избере. Како што кажав добар е фемибионот поради метилирана фолна. Во петок сум кај матичната, до тогаш ќе ги пијам тие што ги имам, а после ќе се разрешат дилемите Фемибионот 1 за прво тромесечие ти е сосема доволно. И јас почнав со 0.4 од алкалоид, но по објаснувањето на матичната ја разбрав разликата и трет месец пиев една доза фемибион. Земи си одма ако не си купила. Одлични се.