Труднички муабети Kallias јас пиев и се’ уште пијам Мама вит и сум презадоволна. Во една паковка има 3 ленти со по 10 апчиња, доволно за 1 месец 1 паковка и се од прилика до 200 ден или 260 може и помалку да беа не држи ме за збор.
Труднички муабети Seniorita Lombardi јас си јадев лосос 2 пати неделно, ги пиев мамавитот и покрај тоа железо последните два месеца.Ништо друго. Фала му на Бога си имав супер бременост, буцкото супер си напредуваше, а еве го и сега дечко и пол. Така да хранете се здраво, земајте си витамини, пазете на железото, а за друго ве молам не се преоптоварувајте што и како се е во Божји раце. Само мислете си позитивно и се ќе биде во ред, тоа секогаш да си го повторувате. И цел 9ти месец да си одмарате, а крај на 7 и 8ми месец искористете ги да нправите план како ќе се снабдите со работи за малото и по можност да си имаш веќе одбрано што како за се да е готово и спремно. Тука дека сами со мм бевме, од крај на 7ми месец полека полека почнавме да си спремаме-креветче, комода, а на крај облека и козметика малку за малото. Ајде со убао и со лес и никако замарање и оптеретување, оти се од тоа се случува.Како рекоа еднаш од к15 ние од главата си патиме, затоа не дозовлувајте негативни мисли и паники многу. Нека бременоста ви биде најубаво искуство.
Труднички муабети мене па матичната ми рече или да ги купам центравит (што ги пијам цела бременост) или ако користам мама вит или од другите дса си докупам омега3 а со центравитот има 3 ленти витамини и 3 ленти омега за тоа ве прашав дали купувавте омега. а за одмарање малку тешко јас дури заборавам дека треба и полека да се движам летам ако ми верувате, пред некоа ден како што одев по скалите дури си потскокнував, леле кога ми текна што правам неможам јас да мирувам, незнам мирна да седам
Труднички муабети Jас покрај МАМАВИТ-от пијам и Омега3 на гринмастер (како перли се) додатно со Магнезиумот Директ и Евитол. Пијам и жолт кантарион и некои б витамини за нервниот систем, природни се и дозволени за трудници, а морам за да не кенкам по дома 24/7. Сакам сега да си купам и Ацерола за Ц-Витаминот и нешто за железо, мада крвната слика ми беше одлична па можеби сеуште нема потреба... да не се многу додатоци
Труднички муабети а омега 3 како примате?[/quote а зашто омега3 додатно? па у прегназонот со толкави букви пишува дека има омега3 пред се а после се останато... јас ги пијам само нив по едно н а ден и додатно витамин ц ама не секогаш,витамин б и магнезиум директ од 300мг иако се има веке во прегназонот ама ете така ми рече матичната.
Труднички муабети Јас ги пиев само Фемибион 2 , и ништо друго ..се додека во 3 тромесечие секое утро неможев од кревет да станам од притисокот што ми беше низок и ми дадоа плус железо
Труднички муабети Сите кои имате ниско или пак релативно нисто железо, ви советувам да пробате да пиете една лажица гроздов концентрат растворен во млак чај или пак ладна вода. Вие немате претстава какви чуда прави. Исто и сите што сте настинати во замена за сите лекови кои неможат да се пијат во бременоста. Јас не сум бремена сеуште, но патам со ова железово цел живот, односно патев се додека не почнав секое утро да пијам гроздов концентрат отприлика од септември до март. Железото ми е ко што вика докторката ко конструкција од една фабрија да си изела, а и настинка незнам што е. Се наоѓа во продавницата на Тиквеш, или некој кој познавате да работи во винарија па да ви набави. Невиден лек е, а и маџунот исто, тој и во маркети го има. Барајте концентрат исклучиво од црно грозје направен, од бело е премногу слаб.
Труднички муабети јас пијам прегнакер 900 ден со омега 3 се пијат по две едно витамини и едно омега 3 имат се што е потребно и мслам дека иако се поскапи од другите се многу подобри,на почетокот пиев прегмазон ама прегнакерот ми се многу подобри и во едно пакуванје има доволно за цел месец
Труднички муабети И јас прво ги пиев прегназон комплит со омега 3, беа околу 700-800 денари, па докторката после ми рече кога ќе ги завршам да ги купам прегнакер плус омега 3, исто пакување има и цената е 800-900 денари, наводно вториве имале подобар микс и сооднос на витамини. Јас не приметувам разлика, ама како ќе кажат така.
Труднички муабети Првите 3 месеци пиев само фолна киселина а од 5ти како резултат на почетен стадиум на анемија земам железо и тоа е се. Наместо да давам пари за витамини, гледам колку што е можно поздраво да се хранам.
Труднички муабети јас мислам дека тие витамини што ние ги пиеме како додаток во исхраната се добри не само за нас туку и за бебињата, и нивниот раст и развој. А и колку и да се храни здраво секоја трудница кога бебето ке почнува да расте навистина треба да се додава витамини оти во спротивно ке се намалуваат твоите вредности во организамот и да се појави недостиг на нешто па да отпосле да мора да се пие нешто по јако. За тоа се создадени тие витамини за трудници, оти во бременоста навистина е потребен "дебел " концетрат на витамни за доброто и на 2цата.
Труднички муабети Па најбитното е всушност здрава и правилна исхрана, се друго е горе-доле хемија. Јас додека не останав бремена ни витамин Ц се немав напиено во животот, ниту пак апче сум се напила некогаш, ама сега си слушам се што ќе ми кажат. Јас пијам магнезиум, железо тотхема и прегнакер по едно на ден, бидејќи ако железото е толку паднато, можеби и на другите состојки им треба појачување. Инаку и здравата храна е под знак прашалник кај нас Освен ако се купува органска храна која е прилично скапа, се друго е дискутабилно, и млекото тетрапак полно со конзерванс,и јајцата од фабрика полни со хормони, и месото товено во лоши услови, и зеленчукот и овошјето прскано со секакви пестициди, и рибата полна со жива чувана во рибник цело време....
Труднички муабети вака да ви кажам јас за моето искуство значи во бременоста пиев само фолна киселина од тие што треба да се пиат ниту мама вит ниту прегназон имам пиено а имав мн лоша бременост 9 месеци си лежеев и син ми се роди 3 400 значи нема врска дали ке пиеш некакви витамини или нема да пиеш јас јадев се што ке ми дојде при рака јадев дури и во 3 навечер станував да јадам и се поправив 12 кг значи нормално а испукав како да бев поправена 30 кг мамички уживајте во бременоста и не се замарајте мн за апчињата што ви ги даваат природнотоо е подобро,сакав да ви кажам и споредба дека друграка ми пиеше се и свашта и се поправи 17 кг не испука а детето се роди 2 600 значи таа мислеше дека ако ги пие апчињата нема да се поправи бидејки тие заситуваат и не те тераат да јадеш толку мн,значи се си е до оранизам што и како ке биде со бебенцето позз и со лесно да си ги износите срцките и да си начекате официјално да бидете мамички нешто најубаво
Труднички муабети Јас да можам да се вратам назад никогаш не би ги прекинала Прегназонот. Не ми отвараа апетит, не ми сметаа, а ги прекинав по препорака на докторот да ги заменам со здрава храна. Но, дефинитивно не е тоа тоа. Тоа е период кога организмот има голема потреба од витамини, затоа сметам дека не требаше да ги прекинам. Пиев и Мамавит, но од нив ме болеше желудникот и имав зголемен апетит. Сега за време на доење повторно пијам Прегназон.
Првите 3 месеци пиев фолна киселина, потоа до крајот на бременоста само спирулина и здрава исхрана, никакви др витамини. Во 9-ти месец превентивно пиев тотхема за железото. Бебето се роди 3100 гр со одлична крвна слика. Значи според мене внимавајте само преку исхраната да го внесувате сите витамини и апчиња не ви се потребни
ајде јас да не бидам досадна ама морам да ве прашам , крвната слика ми беше добра па кога бев на претходната контрола не ми спомна ништо матичниов за витамини, јас сама го прашав дали да земам некои ,зошто искуство од претходната бременост не пиев никакви витамини бебето беше се ок додуша и јас, 3.600 се роди ја за машала 2о и нешто кила поправена само косата ми беше како здивена ,никаква ,па ми ги препорача прегназонот ама не беше нешто убедлив па кога им ја видов и ценичката и не ги земав одма ,после не ми ни праша дали ги пијам , затоа сакав да ве прашам има од кога до кога да се пијат зошто сакам сега да ги земам 20 недела сум??? и уште за магнезиумот тој ми ги препорача биоелектра шумливите ама брзо ми одат некако ,па земав во зегин апчиња mg од 250 мг и пијам по едно на ден! мора баш шумливи ???
мене пак ми рекоа дека е многу подобро да се пиеле таблети а не шумливи дека тие биле цели вештачки и го надразнувале желудникот. јас пијам од натурал велт магнезиум по две на ден , а за другите витамини се пијат цела бременост и неколку месеци после бременоста додека се доело бебето , барем мене така ми рече докторката
Јас почнав од денес да ги пијам Пренатал со омега 3 и ги исклучувам сите други витамини кои ги пијам, бидејќи во овие ги има сите потребни витамини кои ми се потребни. P.S. За тие што веќе земаат од витамините да ви кажам дека има една промоција на Пренаталот , наместо 30, има паковање од 60 капсули и се 234 ден.од Зегин, нај ефтини се таму, ги има и во другите аптеки, може за некој денар поскапи
До 4 ти месец пиев фолна од Алкавит а после 4 ти месец прегназон со омега 3 ги пијам двапати на ден. Е тоа е мора да се внесуваат витамини