Искуство да споделете женички, кој магнезиум е подобар од овие два? Проблемот е што на Now се многу големи таблетите и треба по две да се пијат пошто нема од 400мг.
Now е подобра фирма од солгар, барем според моја другарка фармацевт што работи во зегин. Баш пред скоро јас земав метилирана фолна и ми дадоа само од солгар и си реков истото е, тоа е дозата, но другарка ми ми рече отсега само на Now да земам. Кажете ми дали со фемибион 1 се зема и плус фолна киселина или има доволно во нив? Јас имам фолна, матичната ми препорача да земам фемибион 1,па да ве прашам што да правам.
Јас ја пијам метилираната на Now И сум задоволна матичната ми кажа фемибион 1 да пијам зашто она си соработува со нив и е многу нормално дека ќе ми ги препорача тие така да само првиот месец пиев од тогаш па навака ништо немам пиено од додатни витамини освен метилираната фолна
Во фемибион 1 види состав ама ја има сигурно најмногу до 400 mcg, а во Now има 1000 mcg. Зависи колку треба да внесуваш. Ние што сме со мутации од 1000 пиеме...
Видов состав 200 мцг е метилирана, 200 мцг е чиста, досега јас земав на now (без препорака, без испитани мутации), пред неколку дена пред да знам дека сум бремена зедов на солгер и таа е 400 мцг метилирана фолна. Е сега не знам дали да си ги допијам тие што ги зедов (50 таблети се, јас само 4-5 имам испиено) или да ги сменам веднаш со фемибион 1,со оглед на тоа што во фемибионот има плус витамини Б.
Консултирај се со искусен гинеколог од што колку да внесуваш. И да ги пиеш двете пак е под 1000 метил фолатот така да не е страшно
Дали некоја го има користено? Мм ми го земал но не кажал дека сум бремена а на него пишува консултирајте се со лекар ако сте бремени или доите..
800 денари се во пакување има 100, се конзумираат по 1 дневно во екстремни случаеви може и 2 но повеќе од 2 не смее..
Здраво мами пие ли некоја Пренатал на jameison со омега 3 .... премногу јако мирисаат , лично јас едвај ги голтам и после неколку часа го чувствувам мирисот во устата...вие како се справувате и на вас ви е исто или јас сум премногу осетлива....
Магнезиумот кога обично се пие ? И фемибион 2 претпоставувам двете одеднаш. Јас ф.1 го пиев со доручек, метилирана фолна со ручек. Сега се мислам дали и со двојката така да терам и дали магнезиум е поарно сабајле или на ручек