Мислев да не е премногу фолна и витаминиве Б, пошто гледам иста количина има и во фемибионот и во сидералот. Не сакам да претерам, страв ми е малце. Како ги пиеш, на колку размак?
Mene mi rekoa b complex extra po 2 na den plus femibionot za da se apsorbira se podobro i folna i zelezo.
Сама си направив некој ред,незнам колку е ок ама кого и да прашав одг беше кога сакаш,како сакаш ....витамини се, Сабајле после доручек одма магнезиумот го пијам,после 40 мин па и 1 ч ги пијам 2те едно по друго фемибион и најфоцна до 15ч сидералот и толку,само пред спиење пак магнезиум пијам. Тоа е мој начин,не значи дека е правилен,ама па витамини се и до сега негативен ефект не осетив и плус трета кутија сидерал треба да купувам,снемав веќе....се надевам ке најдеш некој лесен начин и ти,а матичните гледаат и крвна слика и се,не ти даваат ради реда да пиеш било што за да ти биде лошо нели и плус како расте бебето крвната слика е се полоша,си треба дополна на витамини Плус да додадам дека се мислам и вит ц да почнам 1 дневно да додадам
Како бе така? Сега читам дека во фемибионот има 1,9 мг Б6, во сидералот 1, значи вкупно 2,9 би било, а дневна препорачана за трудници е 1,9. А колку размак имаш меѓу фемибионот и сидералот? Фала ти
Девојки, каков магнезиум пиете? Јас сакам да го сменам досега пиев на Now, а треба да пијам од 400мг или два пати по 200 мг. Матичната не ми посочи друг само рече дека може да го сменам
Зошто да го смениш. Magnesium citrate soft gels пијам на Now, во три капсули имаш точно 400. Можеш една преку ден, 2 навечер.
Поради ниско железо, почнав со Феро ев флакончиња, мнооогу вкусни се морам да ги пофалам. Со нив шмукам на Jamieson едни вит Ц500мг+Д3 500IU по едно на ден, и плус Прегназон што си земам по едно. Еднаш ми спомна матичната да не земам повеќе д3 него што има во Прегназонот, ама овие за шмукање се ептен вкусни со вкус на цреша, па не ми се оставаат Мислам не е многу,не претерувам? Во Феро Ев и фолна има нешто малку,ама па ми пријаат,ме подосвежија малку овие денови..
Денес не се чуствувам баш најдобро затнат нос кашлица температура фала богу немам .... Реков ќе се лекувам на природно ама што мислите има нешто ако малце претерам со ц витамин аххаха -малце повеќе... 1000мг апче чај со лимон половина и сега цеден портокал и лимон половина... М
Јас сум 37 + 5 и сега преку неколку дена пијам кога имам потреба, најмногу го пијам за да одам во тоалет.
Некој ги пијат уштр од почетокот, на мене после 28ма ми ги дадоа. Прашај си матичниот најубаво, секако магнезиум има и во витамините што ги пиеме од почетокот, според него ако имаш потреба од плус магнезиум ќе си земеш. Јас цела бременост пијам и плус витанин ц, заради имунитетот.
Јас со тоа немам проблем, 35+7 сум, мислев да не има нешто врска со контракциите дека ги опушта мускулите или сум лошо информирана
Се пијат за опуштање на мускулите, за намалување на болките, ама обично за овие работи до 36та недела. Штом влезеш во безбедна зона ти ги прекинуваат. Мене ми помага и за во тоалет, затоа преку неколку дена пак пијам.